НОВОСТИ

НОВОСТИ

ФОНДАЦИЈАТА ЧИФЛИГАНЕЦ ЌЕ ОБНОВИ ОПОЖАРЕНА КУЌА ВО ДЕДИНО И ДОНИРА ВО УЧИЛИШТАТА ВО РАДОВИШ

ФОНДАЦИЈАТА ЧИФЛИГАНЕЦ ЌЕ ОБНОВИ ОПОЖАРЕНА КУЌА ВО ДЕДИНО И ДОНИРА ВО УЧИЛИШТАТА ВО РАДОВИШ

Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец и градежната компанија Адора инженеринг ќе им изградат нов дом на семејството Трајкови во радовишкото село Дедино, чија куќа до темел изгоре во неодамнешниот пожар. Брачниот пар Ивана и Јован Трајкови во Дедино ги посети проф. д-р Ванчо Чифлиганец, кој одлучи да им помогне на настраданите веднаш штом дозна за нивната тажна приказна. „По божиќните празници ќе почнеме со изградба на нова скромна куќа на местото на опожарената со што на семејството Трајкови за брзо време ќе им обезбедиме повторно пристојни и услови за нормален семеен живот. Отсекогаш хуманоста и солидарноста ги држеле луѓето да опстанат и во најтешки услови, така треба да биде и сега, затоа колку можеме помагаме таму кај што е најпотребно.“- порача проф. д-р Ванчо Чифлигаец, ген. дир. на Адора инженеринг при посетата на местото на опожарената куќа во Дедино, каде во срдечен разговор со Трајкови ги охрабри да издржат додека им се санираат штетите и се обнови нивната куќа во која го минале животниот век. „Огромна благодарност на Чифлиганец, човек од овој крај, кој дојде да ги слушне нашите маки и со чија помош ќе се вратиме во семејниот дом, кој го загубивме во пожарот. Немаме зборови да ја искажеме нашата среќа што благодарние на неговата хуманост и човечност, откако по пожарот се сместивме кај соседите, се најде решение да се подигне нова куќа над пепелот од старата и повторно да си имаме наш дом“.- изјави Ивана Трајкова, чија куќа неодамна изгоре во пожарот. Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец во хуманата мисија во радовишкиот крај на Основното училиште „Никола Карев“ во  Радовиш и подрачното одделение во Раклиш им подари паметна табла, смарт телевизор, таблет компјутери и новогодишни пакетчиња за учениците во пресрет на празниците. Поддршката на образованието како темел за успех и напредок на младите луѓе и за развој на државата, во училиштето каде д-р Чифлиганец го започнал остварувањето на неговиот животен сон е дел од општествено одговорните активности на Адора инженеринг за изградба на подобар, похуман, поздрав и посреќен свет. 1 2 3 4 5 9

Адора

Поврзани вести

АДОРА СО НОВИ ИСКУСТВА И КОНТАКТИ ВО СВЕТСКАЛА ЛИГА ЗА ВОДОРОД НА САМИТОТ HYDROGEN EUROPE 2024

Многу нови контакти и средби со светската елита во чиј фокус е водородот, најнови сознанија за глобалните трендови во производство на зелена енергија и стремеж

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ