НОВОСТИ

НОВОСТИ

ХУМАНИРАНИТЕ ОБРОЦИ КАЈ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ НА КОИ ИМ Е ПОТРЕБНА ПОМОШ, МИНАТИОТ ВИКЕНД БЕА ВО ЗНАКОТ НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

ХУМАНИРАНИТЕ ОБРОЦИ КАЈ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ НА КОИ ИМ Е ПОТРЕБНА ПОМОШ, МИНАТИОТ ВИКЕНД БЕА ВО ЗНАКОТ НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

Со донација на сто оброци за бездомниците, социјално загрозените лица  и граѓаните на кои им е потребна помош, Адора инженеринг се вклучи во  хуманитарната акција што секоја сабота на пладне кај спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје  волонтерски ја организираат граѓанското здружение „Вистински дела на љубезност“, групата „Ретвитни оброк“ и хумани поединци. Компанијата што има долгогодишна традиција на општествена одговорност, со задоволство се вклучи во хуманитарната акција, која од иницијатива наместо да се постираат фотографии со храна на социјалните мрежи, да се подготвуваат и донираат оброци и намирници на граѓаните на кои тоа им е потребно, прерасна во акција со масовен одзив што одбележа една година континуирана реализација. Поаѓајќи од благородноста на солидарноста и грижата за другите, што и тие кои даваат ги прави подобри луѓе, а светот барем малку подобро место за живеење, менаџментот на Адора инженеринг што учествуваше во поделбата на оброците, верува дека со овој скромен пример ќе биде мотив и поттик и за другите компании и граѓани со барем еден отстапен оброк да се вклучат во овие акции. Адора инженеринг и фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец и натаму продолжуваат со реализација на општествено одговорни проекти од корист на пошироката заедница и граѓаните, со цел и во иднина да бидат дел од хуманоста како единствена религија што не обединува сите. 20160402_122113 Foto donacija obroci 4

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ