НОВОСТИ

НОВОСТИ

ЧЕСТИТКИ ОД АДОРА ЗА ВРВНОТО ПРИЗНАНИЕ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА „НАЈДОБРА БАНКА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА 2023“

ЧЕСТИТКИ ОД АДОРА ЗА ВРВНОТО ПРИЗНАНИЕ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА „НАЈДОБРА БАНКА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА 2023“

Компанијата Адора инженеринг, како еден од значајните поединечни акционери и квалификуван акционер во Комерцијална банка АД Скопје, на сите вработени, на целиот менаџерски тим и на членовите на Управниот и на Надзорниот одбор на Комерцијална банка, како и на сите акционери на банката, искрено им ја честита престижната награда „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, што банката ја добива по 12-ти пат. Ова високо признание е потврда за врвната услуга и знаење, посветеност и грижа за клиентите, стабилноста и високото општествено одговорно делување на Комерцијална банка АД Скопје.

„Високото признание Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година, Комерцијална банка АД Скопје по 12-ти пат ја вбројува меѓу најдобрите банки во над 150 држави во светот и ја оправдува вистинската бизнис одлука што Адора инженеринг ја донесе пред пет години, да стане еден од најголемите поединечни акционери во оваа најголема банка со домашен капитал во нашата држава. Горди сме што Комерцијална банка во овие турбулентни времиња на глобалните финански пазари, е лидер во градењето на стабилен банкарски систем во земјата и што даваме директен придонес во развојот на националната економија. Во нашата држава секако имаме повеќе сектори, како што е и банкарскиот сектор, преку примерот со Комерцијална банка АД Скопје, кои можат да се водат успешно и сигурно во чекор со европската и светската економија“, вели проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора инженеринг.

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ