По само 18 дена од почетокот на градбата, поставена е четвртата армирано-бетонска плоча и во тек се подготовките за поставување на петтата плоча на новиот елитен станбен објект на Адора Инженеринг, кој се гради на ул. „Руди Чајевац„ бр. 41, во срцето на општина Аеродром-Скопје, во непосредна близина на црквата Свети Илија и главната железничка и автобуска станица во Скопје. Досега во овој објект Аеродром-Црква се вградени 3.500 м³ бетон и 400 тони железо, што е гаранција за неговата геомеханичка стабилност и врвна асеизмичка сигурност, со примена на докажаната методологија, која беше научно потврдена на станбена високатница на Адора во Ново Лисиче-Аеродром-Скопје, преку тестирање со „вештачки земјотрес“ во соработка со ИЗИИС во јули годинава.
Поставена 4-та армирано-бетонска плоча на објект Аеродром-Црква









