НОВОСТИ

НОВОСТИ

Adora Business Group со силен одек во медиумите во Србија

Adora Business Group со силен одек во медиумите во Србија

Српската јавност му оддава признание и голема почит за напорите на македонскиот градежен лидер Adora Business Group , кој со интернационално реноме и дведецениското искуство во високоградбата, се натпреварува на пазарот на недвижности во Србија, подигнувајќи ги стандардите на повисоко ниво, воведувајќи нови решенија за живот и Smart концепт за профитабилно вложување во врвни недвижности.

Душко Чифлиганец, директор на Adora Living Solutions и заменик претседател на Adora Business Group порачува:
„Во нашите 20 години работа, главната мотивација на Адора, секогаш беше да ги унапредиме бизнис сферите во кои делуваме. Дојдовме на српскиот пазар, кој е исклучително позитивен економски пример на нашите простори и пошироко, каде конкурентноста во високоградбата е на исклучително високо ниво, да се натпреваруваме со силните домашни и странски инвеститори и да го искористиме нашиот секогаш 100% сигурен и прецизен пристап во работата, со стекнатото знаење, креативност и желба, да бидеме навистина меѓу најдобрите“, изјави Душко Чифлиганец за српските медиуми.

Првиот проект кој брендот Адора го реализира кај северниот сосед е вонсерискиот хотелско-резиденцијален комплекс 21st Century Zlatibor кој е во завршна фаза на изградба во срцето на Златибор, најпопуларната туристичка дестинација во Србија. 21st Century Zlatibor како идеален спој на луксузот, природата, врвниот квалитет на градба и планинскиот хедонизам е извонредна можност за долгорочно исплатлива инвестиција во висококвалитетни недвижности кои преку иновативен систем на управување ги враќаат вложените пари и обезбедуаат среќна иднина на многу генерации.

Прочитајте ја статијата за Adora Business Group во српскиот BIZLife на следниот линк: LINK

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ