НОВОСТИ

НОВОСТИ

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ СО 23 МЕСТО ПО УСПЕШНОСТ ВО 2017 ПО ШЕСТИ ПАТ Е МЕЃУ 25 НАЈУСПЕШНИ КОМПАНИИ ВО МАКЕДОНИЈА

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ СО 23 МЕСТО ПО УСПЕШНОСТ ВО 2017 ПО ШЕСТИ ПАТ Е МЕЃУ 25 НАЈУСПЕШНИ КОМПАНИИ ВО МАКЕДОНИЈА

 Градежниот бренд Адора инженеринг е на 23 место по успешност во 2017 година, со што оваа компанија по шести пат се вброи меѓу 25 најуспешни компании и по 13 пат во континуитет е меѓу 200 најуспешни компании во Македонија, според рангирањето на Централниот Регистар. Позиционирањето на 23 место на Адора инженеринг меѓу 200 најуспешни  компании во Македонија, е според остварените финансиски резултати, врз основа на анализите на поднесените завршни сметки на компаниите за 2017 година во Централниот Регистар на Република Македонија. Резултатите и високата рангираност на 23 позиција за 2017, кога компанијата по шести пат се најде меѓу 25 најуспешни компании во Македонија, според генералниот директор проф. д-р Ванчо Чифлиганец, се само потврда за визијата, посветеноста и квалитетот на водењето бизнис од страна целиот менаџерски, стручен и градителски тим на Адора инженеринг. Врвното место во градежниот сектор и впечатливото место во економијата на Република Македонија, Адора инженеринг го постигна благодарение на довербата од страна на купувачите на квалитетни недвижности, стекната во текот на 16 годишното работење на компанијата. Овој градежен бренд е лидер во високата градба и предводник во подигнувањето на стандардите за изградба на станбено-деловни објекти со врвна сеизмичка стабилност, енергетска ефикасност А-класа, квалитет по светски стандарди, комфор и сите други аспекти на современото урбано домување, по мерка на купувачите. „Само со знаење, визија, труд и пожртвуваност во работата се постигнува успех, од кој благодет има и економијата на Република Македонија“, порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора инженеринг, компанија препознатлива и по традиционалната општествена одговорност и филантропија, чии успеси се потврдени со четири интернационални и со 30-тина национални признанија.

Адора

Поврзани вести

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Со акцијата „Во спомен на Биби“, Адора обезбеди преглед на дојка за сите свои вработени жени

Под мотото „Свесни сме“, Адора Бизнис Групацијата организирано се придружи на розовиот октомври, месецот посветен на подигнување на свеста кај жените, за заедничка борба против

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора со хотелот на Златибор се најде на најпрестижните блогови за архитектура и дизајн во светот

„21st Century Zlatibor е уникатен кондо хотел лоциран во прекрасниот Златибор, во срцето на српските планини. Изграден од регионално реномираната Адора Бизнис Групација, тој е

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

„ОАЗА ОД ВКУС И ЕЛЕГАНЦИЈА НАСРЕД ПЛАНИНСКИ АМБИЕНТ“- 21ST CENTURY ZLATIBOR НИЗ ОБЈЕКТИВОТ НА SRBTEL.MK

Најпосетената планина во Србија, ова лето прослави 130 години од воведувањето на организираниот туризам. Во годината на јубилеот, за љубителите на планинскиот хедонизам, на Златибор

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

21 години Лидер & Предводник во високата градба во Македонија

На 28-ми август, православниот празник Голема Богородица, во 2002 година, потврдениот успешен стопанственик, општественик и филантроп, проф. д-р Ванчо Чифлиганец ја основа приватната компанија Адора

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ