Д-р Драгана Чифлиганец, извршен директор на градежната компанија Адора Инженеринг е добитник на признанието „ ДАМА во градежништвото“, за посебен придонес во градежништвото и уривање на стереотипите, што за прв пат во неколку кетегории го додели Саемот за градежништво и недвижности 2014 на затворањето на оваа манифестација. Д-р Чифлиганец која е потврда за постоењето на цврсти и силни жени во „машкиот градежен бизнис“ изјави дека нејзин приоритет е следењето и примената на светските стандарди и иновации во Македонија за квалитетно, сигурно, економично и здраво домување во изградбата на енергетски ефикасните домови по што е препознатлива Адора Инженеринг, како и општествената одговорност, на што е посветена компанијата. Како млада личност, д-р Драгана Чифлиганец ги има поминато сите скалила на развој и практична едукација во високата градба, работејќи вредно, професионално и посветено во градежната компанија Адора Инженеринг, за што образовно се има едуцирано на реномираниот англиски универзитет Шефилд во Солун, Грција, а докторската титула од областа на управувањето со малите и средни претпријатијата во Македонија, ја стекна на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Доделување на наградата „ДАМА ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО“ на д-р Драгана Чифлиганец, изв. дир.на Адора Инженеринг 












