НОВОСТИ

НОВОСТИ

Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ ГЕН. ДИР. НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ МЕЃУ ФИЛАНТРОПИТЕ КОИ ДОБИЈА ПРИЗНАНИЈА ВО ОХРИД

Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ ГЕН. ДИР. НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ МЕЃУ ФИЛАНТРОПИТЕ КОИ ДОБИЈА ПРИЗНАНИЈА ВО ОХРИД

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор и сопственик на Адора Инженеринг Скопје, беше меѓу 42 хумани поединци, компании и сервисни организации кои добија признанија за својата хумана дејност, добротворна активност и донирање средства за доброто на заедницата во Охрид и Струга, на манифестацијата „Филантропија-човекољубие на дело“ што синоќа се одржа во Охрид. Признанието за покажана особена филантропска дејност од Здружението на граѓани Локалната Агенција за Развој од Струга, д-р Чифлиганец го доби за трите хуманитарни акции за 200 социјално загрозени семејства, за доделените стипендии за двајца талентирани студенти, за поддршката на фестивалот Охридско Лето, изложбата „Охрид понапред“, Меѓународната кајак кану регата и други општествено одговорни проекти реализирани во охридскиот регион изминатите години, кои се опфатени во „Каталогот на филантропите“, кој беше промовиран на свеченоста во Охрид. „Во рамките на можностите, градежната компанија Адора Инженеринг Скопје и јас како нејзин генерален менаџер, постојано ја помагаме пошироката заедница и граѓаните, оставајќи дела за сегашните и идните генерации, со што како општествено одговорна компанија со традиција и членка на Глобалниот Договор на ООН, продолжуваме и натаму“-порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора Инженеринг Скопје.

Адора

Поврзани вести

Адора со донација на лаптоп-компјутери за библиотеката во Радовиш

Во рамки на одбележувањето на 24 години Адора Бизнис Групација, на 28 август беше реализирана донација на лаптоп-компјутери за Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Признание за проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот тридецениски придонес во македонското рударство

По повод Денот на рударите – 28 Август, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини му додели признание на проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Оглас за вработување

Помошник во кујна ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот тим и има потреба од помошник готвач

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Медицински сестри / Медицински техничари ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот медицински тим и има потреба

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Негуватели / Негувателки ПУСЗ „Оаза“ го проширува својот тим и има потреба од негуватели / негувателки кои со својата посветеност и професионалност ќе придонесат за

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Официјално отворен Домот за стари лица „ОАЗА во Општина Илинден

Во присуство на претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, претставници на државни и локални институции, деловната заедница, соработници и гости, официјално беше отворен Домот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ