Поголемо присуство во јавноста, преку стручни дебати, дискусии, настапи во медиумите, организирање заеднички настани од областа на општествената одговорност, активирање и ажурирање на веб страница и фб, креирање публикација со најдобри практики на компаниите, како и одбележување на сработеното во 10 годишното постоење на Македонската мрежа на Глобалниот Договор. Ова се главните заклучоци од состанокот на новоформираната работната група за односи со јавност на Македонската мрежа на Глобалниот Договор, во која како претставник на Адора Инженеринг-Скопје е вклучена Нина Кепеска, ПР менаџер на компанијата. На состанокот се одредија идните активности на работната група за односи со јавност, со цел на пошироката јавност да и се објасни стратешката определба на компаниите за општествено одговорните практики, со акцент на нематеријалните вредности, како подобрување на односите со вработените, со купувачите, добавувачите, поголема грижа за младите генерации, животната средина и давање добар пример за другите со ООП проектите. Македонската мрежа на Глобалниот Договор сака да се наметне како сериозен и значаен фактор во македонската и регионалната економија, а општествено одговорните практики на компаниите да добијат третман на конкурентска предност од што корист имаат граѓаните, институциите и пошироката заедница.
Адора Инженеринг, членка на Глобалниот Договор во национални и меѓународни публикации








