НОВОСТИ

НОВОСТИ

Извршниот директор на „Адора Инженеринг“ Драгана Чифлиганец се стекна со титула доктор на науки

Извршниот директор на „Адора Инженеринг“ Драгана Чифлиганец се стекна со титула доктор на науки

 Драгана Чифлиганец, извршниот директор на „Адора Инженеринг“ се стекна  со титулата доктор на науки, откако на 2 јули 2013 година, успешно ја одбрани докторската дисертација на тема: „Улогата и значењето на управувањето на малите и средни претпријатија“ на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Драгана Чифлиганец на одбрана на докторската дисертација

            Менторот, проф. д-р Тито Беличанец и проф. д-р Софија Тодорова, претседател на петчлената комисија, оценија дека научно истражувачкиот труд на м-р Чифлиганец детално, сеопфатно и темелно обработува исклучително современа и актуелна тема, досега малку третирана, со што ова претставува пионерски зафат од есенцијално значење за правно-економската наука во Македонија. Комисијата потврди дека м-р Чифлиганец преку одлично поврзување на теоријата и практиката, споредувајќи ги домашните со странските практики, низ спроведените истражувања со голем број прашалници и анкети, е автор на зрел и релевантен научно-истражувачки труд кој исцрпно ги опфаќа правните и економски аспекти на управување со претпријатијата, кој  заслужува публикација за пошироката јавност. Особено значајно, според комисијата е што м-р Чифлиганец, како млада личност и доста успешен менаџер, со докажано чувство  за управување и изразената маркетиншко – пазарна креативност, со искуството и опсег на делување, во амбиент на голема дискрепанца меѓу правната регулатива и реалноста, надминува голем број  повозрасни колеги-менаџери во македонските компании.

Д-р Драгана Чифлиганец со комисијата на Правниот факултет „Јустинијан Први“-Скопје

„Многу сум среќна и горда што докторирав на реномираниот Правен факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје. Како економист,  предизвик ми беше да направам спој на правото и  економијата од аспект на управувањето со претпријатијата, да истражам една широка и недоволно обработена област, да дадам свој придонес во теоријата со менаџерското искуство од компанија што бележи рапиден раст, а научната надградба да ја вградам во практичната работа за уште поголем развој на „Адора Инженеринг“. Додека работев на докторската дисертација, напредував  во практиката, каде бев еден од најважните двигатели на растот на компанијата, која од  мала, преку средна, прерасна во голема компанија“. – изјави д-р Драгана Чифлиганец.

Драгана Чифлиганец на одбраната на докторската дисертација

„Извршниот директор д-р Драгана Чифлиганец, направи одличен спој на економските и правни аспекти на управувањето со претпријатијата, преку сериозно научно истражување, користејќи ги практичните искуства, за што и честам. Зголемувањето на образовното ниво и повисоката едуцираност на кадрите кои ја водат „Адора Инженеринг“ е од големо значење за натамошниот успешен развој на компанијата, во што ги поддржуваме сите вработени“.-изјави проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на „Адора Инженеринг“.

Д-р Драгана Чифлиганец и д-р Ванчо Чифлиганец  

Д-р Драгана Чифлиганец со семејството

Д-р Драгана Чифлиганец со колегите од „Адора Инженеринг“ 

Адора

Поврзани вести

МЛАДИТЕ НАТПРЕВАРУВАЧИ НА КБК АДОРА СО 5 – ЗЛАТНИ СРЕБРЕНИ И БРОНЗЕНИ МЕДАЉИ НА SERBIA OPEN WAKO EUROPEAN CUP

Младите талентирани кик боксери од КБК Адора, минатиот викенд остварија одлични резултати на Serbia Open, WAKO European Cup ranking tournament. Од турнирот во Белград, тие

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

СЛОБОДАН ИВЧЕСКИ НАШИОТ СЕНИОР МОТО КРОС ШАМПИОН СО ПОДДРШКА НА АДОРА ТРИУМФИРАШЕ НА СТАРТОТ НА СЕЗОНАТА 2023

Слободан Ивчески Цобо, државниот мото крос MX Сениор шампион, освои две први места натпреварувајќи се на првиот отворен Македонски шампионат со кој мото крос сезоната

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ЧЕСТИТКИ ОД АДОРА ЗА ВРВНОТО ПРИЗНАНИЕ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА „НАЈДОБРА БАНКА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА 2023“

Компанијата Адора инженеринг, како еден од значајните поединечни акционери и квалификуван акционер во Комерцијална банка АД Скопје, на сите вработени, на целиот менаџерски тим и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

АНТОНИО ДАМЈАНОВСКИ НАШИОТ НАЈУСПЕШЕН МЛАД МОТО КРОС ТАЛЕНТ СО НАТАМОШНА ПОДДРШКА НА АДОРА ЈА СТАРТУВА НОВАТА СЕЗОНА

Со трка на отворениот македонски шампионат во недела во Гевгелија, нашата Адора Атлета Антонио Дамјановски, најталентираниот, најмлад и најуспешен мото крос возач во Македонија, ја

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ