Православниот црковен храм Свети Јован Крстител во Општина Аеродром, Скопје, наскоро ќе добие крстилница и помошни простории, донација на ктиторот проф. д-р Ванчо Чифлиганец и градежната компанија Адора Инженеринг, МПЦ и други донатори кои за тоа ќе изразат желба. Со новата просторија каде според православната традиција и каноните на МПЦ свештените лица ќе ги крштеваат верниците, црковниот комплекс Свети Јован Крстител ќе биде збогатен со посебно катче каде православните верници ќе ја примаат светата тајна на крштението. Целта е црквата Свети Јован Крстител, лоцирана на кејот на реката Вардар, во паркот со авион во општина Аеродром, Скопје, која беше осветена на 14-ти јуни годинава, со крстилницата и помошните простории да биде комплетирана со сите содржини за целосно задоволување на духовните потреби на православните верници според древните христијански обичаи што ги негува МПЦ.

Православен црковен храм Свети Јован Крстител-Аеродром-Скопје-донација на ктиторот проф. д-р Ванчо Чифлиганец