На 28-ми август, православниот празник „Пресвета Богородица“ и Денот на македонските рудари, „Адора Инженеринг“ слави 11 години од постоењето. Компанијата, 11-тиот роденден го одбележува како прва по успех градежна компанија во Македонија и на 12-то место меѓу најуспешните компании во 2012 година, според рангирањето на Централниот Регистар на Р. М. Во изминатите години, компанијата изгради 1.500 елитни станови во Скопје, Охрид и Струмица, со примена на највисоките стандарди за современо, безбедно, квалитетно и економично домување, а годинава инвестира во три нови станбено-деловни објекти во современата општина Аеродром, Скопје. „Адора Инженеринг“ е прва компанија што од независноста на Македонија, по повод 50 години од скопскиот земјотрес, заедно со ИЗИИС, со „вештачки земјотрес“ на станбена десеткатница во општина Аеродром, Скопје, ја докажа врвната асеизмичка стабилност на елитните објекти.

11-тиот роденден на празникот „Голема Богородица“, заштитничка на компанијата, „Адора Инженеринг“ го одбележува со повеќе престижни признанија: единствен градежен супербренд во Македонија во 2013/2014 година, најеколошка компанија во 2013 година, прогласена од Град Скопје, признанието за најдобра компанија и најуспешен менаџер во 2012 година од Европската Бизнис Асамблеа, наградата за корпоративна филантропија за 2012 година, осумте награди за најдобри општествено одговорни практики во Македонија од министерството за економија… Во општина Аеродром, Скопје, каде компанијата има најмногу инвестиции, како донација на „Адора Инженеринг, со ктиторство на ген. дир, проф. д-р Ванчо Чифлиганец со семејството, се гради црковниот храм „Свети Јован Крстител“ во паркот со авион во Ново Лисиче, на кејот на реката Вардар.
Постигнатите резултати не обврзуваат да продолжиме во насока на уште поуспешен развој на градежниот бренд Адора Инженеринг, за подобра и посреќна иднина на граѓаните на Македонија.

