„Адора Инженеринг“-Скопје ја доби наградата за корпоративна филантропија за средно претпријатие за 2012 година, што Центарот за институционален развој на генералниот директор проф. д-р Ванчо Чифлиганец му ја додели на „Вечерта на благодарноста“ синоќа во хотелот Александар Палас во Скопје. На 6-тата ваква свеченост, ЦИРа додели 14 награди на бизнис компании, граѓански организации, институции, медиуми и индивидуи, за нивниот придонес кон заживување и развој на вредностите на солидарност, хуманост,, општествена одговорност и добротворство преку практиките на донирање и поддршка на поединци и заедници во невоља. Проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора Инженеринг со наградените за филантропија и општествена одговорност за 2012 година -Наградата за корпоративна филантропија за „Адора Инженеирнг“ е признание за напорите што со години ги прави градежната компанија во рамките на општествено одговорните практики за поддршка на поединци, локалните заедници и општеството во целина, етничките заедници, луѓето од ранливите категории, со различен социјален статус, болните, децата, студентите, стручната јавност, манифестациите од културата, спортистите, како и донациите во сите општини каде инвестираме, со цел да и возвратиме на заедницата и граѓаните.-. изјави проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на „Адора Инженеринг“, по добивањето на наградата за корпоративна филантропија за 2012 година. Врачувањето на наградата на проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на „Адора Инженринг“ Мотивирани од бројните признанија за сработеното во областа на општествената одговорност, во „Адора Инженеринг“ порачуваат дека во рамките можностите и натаму ќе продолжат да се грижат за благосостојбата на граѓаните, вработените, купувачите, за подобар живот на сите, за похумано и попросперитетно општество. Наградата за корпоративна филантропија и општествена одговорност за 2012 година за „Адора Инженеринг“-Скопје
Правила за наградна игра „Со стан во Порта Скопје By Adora отпатувај на Малдиви“ Организатор Друштво за производство, трговија, услуги и градежништво ПОРТА СКОПЈЕ ДООЕЛ,
На 28 август 2002 година започна приказната на Адора, приказна изградена со знаење, истрајност и јасна визија дека само делата се вистина. Низ годините, Адора
Во рамки на одбележувањето на 24 години Адора Бизнис Групација, на 28 август беше реализирана донација на лаптоп-компјутери за Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во
По повод Денот на рударите – 28 Август, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини му додели признание на проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот
Помошник во кујна ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот тим и има потреба од помошник готвач
Медицински сестри / Медицински техничари ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот медицински тим и има потреба
Негуватели / Негувателки ПУСЗ „Оаза“ го проширува својот тим и има потреба од негуватели / негувателки кои со својата посветеност и професионалност ќе придонесат за
Во присуство на претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, претставници на државни и локални институции, деловната заедница, соработници и гости, официјално беше отворен Домот