НОВОСТИ

НОВОСТИ

АДОРА ПО ПОВОД САЕМОТ ЗА НЕДВИЖНОСТИ СО СЕКОЈ КУПЕН ДОМ ВО FLATIRON ПОДАРУВА КОМПЛЕТНО ОПРЕМЕНА КУЈНА И ЦЕЛОСНО АРХИТЕКТОНСКО РЕШЕНИЕ ЗА ВНАТРЕШНОТО УРЕДУВАЊЕ НА СТАНОТ

АДОРА ПО ПОВОД САЕМОТ ЗА НЕДВИЖНОСТИ СО СЕКОЈ КУПЕН ДОМ ВО FLATIRON ПОДАРУВА КОМПЛЕТНО ОПРЕМЕНА КУЈНА И ЦЕЛОСНО АРХИТЕКТОНСКО РЕШЕНИЕ ЗА ВНАТРЕШНОТО УРЕДУВАЊЕ НА СТАНОТ

Сите купувачи на дом во новиот маркантен објект Адора Flatiron Скопје, во периодот од 22 до 31 октомври, по повод Саемот за градежништво и недвижности Realexpo 2018, од Адора инженеринг ќе добијат подарок, комплетно опремена модерна кујна и целосно решение за внатрешното уредување на станот од архитект во компанијата. Купувачите на дом во Адора Flatiron, со уплатено учество од 15 % и склучен преддоговор за купување на станот, ќе добијат кујна по нивна желба, бирајќи боја и материјал по свој вкус, иверица или медијапан, со сите апарати опремување од реномираната марка „Електролукс“. Дополнително, специјален саемски подарок од Адора инженеринг годинава е комплетно изготвено 3Д решение за внатрешното уредување на купен стан во Адора Flatiron од дипломираниот архитект Ирена Граорковска, што своите визионерски (креативни) архитектонски идеи ги развива и реализира во праксата со поддршка на компанијата како и многу млади образовани и амбиционзи луѓе од други професии. Адора инженеринг традиционално и годинава ќе се претстави на оригинално дизајниран штанд на Саемот за градежништво и Realexpo 2018, кој ќе се одржи во монтажните хали на паркингот кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје од 24 до 28 октомври и ќе биде отворен за посетителите од 10 до 18 часот. Градежната компанија што 16 години е предводник во високоградбата во Македонија и лидер во примена на иновациите и современите светски стандарди во домувањето, со виското ниво на квалитет, стил и дизајн на објектите за домување, секогаш има изненадувања и награди за своите купувачи, со перманентна грижа и посветеност, за возврат на нивата доверба.

Адора

Поврзани вести

Адора со донација на лаптоп-компјутери за библиотеката во Радовиш

Во рамки на одбележувањето на 24 години Адора Бизнис Групација, на 28 август беше реализирана донација на лаптоп-компјутери за Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Признание за проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот тридецениски придонес во македонското рударство

По повод Денот на рударите – 28 Август, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини му додели признание на проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Оглас за вработување

Помошник во кујна ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот тим и има потреба од помошник готвач

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Медицински сестри / Медицински техничари ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот медицински тим и има потреба

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Негуватели / Негувателки ПУСЗ „Оаза“ го проширува својот тим и има потреба од негуватели / негувателки кои со својата посветеност и професионалност ќе придонесат за

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Официјално отворен Домот за стари лица „ОАЗА во Општина Илинден

Во присуство на претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, претставници на државни и локални институции, деловната заедница, соработници и гости, официјално беше отворен Домот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ