НОВОСТИ

НОВОСТИ

Адора инженеринг добитник на наградата „КРЕАТОРИ НА СТОЛЕТИЕТО“ за особен придонес во развојот на идеи, иновации и инвестиции во претприемништвото во средна и југоисточна европа

Адора инженеринг добитник на наградата „КРЕАТОРИ НА СТОЛЕТИЕТО“ за особен придонес во развојот на идеи, иновации и инвестиции во претприемништвото во средна и југоисточна европа

Во присуство на високи претставници на државата, бизнис секторот и меѓународниот економски форум „Перспективи“, денес на градежната компанија Адора инженеринг ѝ беше доделена големата интернационална награда „Креатори на столетието“ за особен придонес во развојот на идеи, иновации и инвестиции во претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа од страна на Меѓународниот комитет за доделување на награди признанија од Хрватска. Оваа шеста интернационална награда, Адора инженеринг ја доби на Регионалниот самит на претприемачи од Средна и Југоисточна Европа „300 најдобри“ , кој се одржа во март годинава во Дубровник со наградување на поединци, компании, организации, здруженија и институции кои како „Креатори на столетието“ , со посветена и креативна работа, придонеле за развој на претприемништвото, а со тоа и за развој на целата заедница во која живееме и твориме. „За Адора инженеринг, престижната награда „Креатори на столетието“ е валоризација на посветената 17 годишна работа во високата градба и признание дека навистина сме ги подигнале стандардите за домување на пазарот на недвижности на национално и меѓународно ниво, со акцент на сигурноста, економичноста и комфорот во домувањето, носејќи нов концепт според последните трендови во светот на архитектурата и квалитетното домување. Наградата се однесува на 2018-та, што во Адора ќе остане забележана како година на завршување на два капитални проекти во Скопје, изградбата на новиот препознатлив урбан симбол на метрополата, станбено-деловниот комплекс Адора Flatiron и Дијамантската градина на Адора што го донесе зеленото домување во Македонија во најголемата внатрешна градина со boutique концепт во Југоисточна Европа. Наградата ни е посебно значајна како афирмација и признание на нашите континуирани напори за внесување иновативни решенија во домувањето, како долгорочниот проект за изградба на првите енергетски ефикасни домови со сертификат за А класа, воведување на првите фотоволтаици на сончева енергија, воведување на првата сертифицирана звучна изолација 80% над македонските стандарди, поставување на првата органска фасада на станбен објект и креирање инвентивни решенија со модерен дизајн на ентериерот за хумано, пријатно и релаксирано домување, по цени достапни за македонските граѓани“.- изјави д-р Драгана Д. Чифлиганец, извршен директор на Адора инженеринг по примањето на наградата, истакнувајќи дека признанието се однесува и на препознатливиот сегмент од корпоративниот идентитет на компанијата, општествено одговорните проекти за заедницата, со цел за изградба на поубав, похуман, порамноправен и посреќен свет за сите. Наградите на Адора инженеринг, Халкбанка, Адинг и Киро Дандаро, во присуство на министерот без ресор во македонската влада д-р Зоран Шапупиќ, им ги врачија почесните гости од Меѓународниот комитет на „Креатори на столетието“ и Меѓународниот економски форум „Перспективи“, кои го најавија Светскиот конгрес на претприемачи кој ќе се одржи во октомври годинава во Скопје.   ПР СЕКТОР АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ                                                                          СКОПЈЕ, 03.05.2019

Адора

Поврзани вести

Адора со донација на лаптоп-компјутери за библиотеката во Радовиш

Во рамки на одбележувањето на 24 години Адора Бизнис Групација, на 28 август беше реализирана донација на лаптоп-компјутери за Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Признание за проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот тридецениски придонес во македонското рударство

По повод Денот на рударите – 28 Август, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини му додели признание на проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Оглас за вработување

Помошник во кујна ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот тим и има потреба од помошник готвач

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Медицински сестри / Медицински техничари ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот медицински тим и има потреба

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Негуватели / Негувателки ПУСЗ „Оаза“ го проширува својот тим и има потреба од негуватели / негувателки кои со својата посветеност и професионалност ќе придонесат за

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Официјално отворен Домот за стари лица „ОАЗА во Општина Илинден

Во присуство на претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, претставници на државни и локални институции, деловната заедница, соработници и гости, официјално беше отворен Домот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ