НОВОСТИ

НОВОСТИ

РЕКОРДНА ПРОДАЖБА НА 46 ЕЛИТНИ СТАНОВИ ВО ОКТОМВРИ ВО АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

РЕКОРДНА ПРОДАЖБА НА 46 ЕЛИТНИ СТАНОВИ ВО ОКТОМВРИ ВО АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

Со продадени 46 елитни еко домови во октомври, што е над два пати повеќе од продажбата во октомври минатата година, Адора Инженеринг забележа  најголема, рекордна месечна продажба на станови од постоењето на компанијата.

„Рекордната продажба на Адора Инженеринг на 1,5 стан дневно во октомври, се должи на реномето на компанија што нуди еко станови со докажана стабилност,  висок квалитет и енергетска ефикасност, верификувано со првиот „енергетски пасош А-класа“ во Македонија, за што постојано и аргументирано ги информираме  купувачите и јавноста. Придонес имаат и поволните услови за станбеното кредитирање, со прифатливи каматни стапки и само 15 % учество, а дел од становите се продадени и со субвенции од државата со проектот „Купи куќа, купи стан“, за што огромен интерес имаше на саемот во Скопје. Рекордната продажба на станови што е резултат на посветената работа на сите вработени е сатисфакција и мотив, но и обврска компанијата и натаму успешно да се развива, следејќи и применувајќи ги современите европски стандарди за  квалитетно домување во Македонија.“- порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора Инженеринг.

Адора Инженеринг, лидер во високоградбата во Македонија, заклучно со октомври годинава има продадено 270 енергетски ефикасни станови во Скопје и Охрид, што е значаен пораст во однос на минатата година. За успешното работење, овој градежен бренд има добиено 11 национални и 3 меѓународни признанија, меѓу кои е и Интернационалната европска награда за квалитет, доделена неодамна во Париз, Франција, од Клубот на водечките бизнис и трговски лидери во светот.

 

 

Адора

Поврзани вести

Адора со донација на лаптоп-компјутери за библиотеката во Радовиш

Во рамки на одбележувањето на 24 години Адора Бизнис Групација, на 28 август беше реализирана донација на лаптоп-компјутери за Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Признание за проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот тридецениски придонес во македонското рударство

По повод Денот на рударите – 28 Август, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини му додели признание на проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Оглас за вработување

Помошник во кујна ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот тим и има потреба од помошник готвач

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Медицински сестри / Медицински техничари ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот медицински тим и има потреба

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Негуватели / Негувателки ПУСЗ „Оаза“ го проширува својот тим и има потреба од негуватели / негувателки кои со својата посветеност и професионалност ќе придонесат за

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Официјално отворен Домот за стари лица „ОАЗА во Општина Илинден

Во присуство на претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, претставници на државни и локални институции, деловната заедница, соработници и гости, официјално беше отворен Домот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ