НОВОСТИ

НОВОСТИ

Меѓународна европска награда за квалитет, 2014, Париз Франција

Меѓународна европска награда за квалитет, 2014, Париз Франција

Адора Инженеринг, како единствена компанија од Македонија, денес во Париз, Франција, ја доби престижната Интернационална европска награда за квалитет од Клубот на глобалните бизнис и трговски лидери на свеченост во присуство на 150 бизнисмени од пет континенти во светот. За генералниот директор, проф. д-р Ванчо Чифлиганец ова меѓународно признание е уште една потврда дека и  светот го препозна и вреднува успешното работење на Адора Инженеринг и бизнис филозофијата на овој градежен бренд насочена кон совршенство во  квалитет на глобално ниво, како суштинска основа за создавање на конкурентни  производи и за освојувањето на странски пазари.   „Ова високо признание е меѓународна афирмација за компанијата и за Македонија, како и потврда за поволната бизнис клима во државата за развој на успешни бизнис приказни како што е случајот со Адора Инженеринг. За Адора Инженеринг, лидер во високоградбата во Македонија, ова трето по ред интернационално признание е потврда дека сме на вистинскиот пат во развојот и мотив и натаму да применуваме иновации и најнови светски стандарди и технологии во изградбата на еко домови за висококвалитетно домување на граѓаните на Македонија.“- порача д-р Чифлиганец, кој на бизнис форумот во Париз оствари непосредни деловни контакти со бизнисмени и компании од повеќе земји во светот, кои покажаа голем интерес за соработка со Адора Инженеринг, особено по претставувањето на новата публикација и корпоративниот видео филм за  компанијата на англиски јазик, со што се претстави и Македонија. За успешната изградба на енергетски ефикасните домови А-класа, со докажана геомеханичка и асеизмичка стабилност и европски квалитет, првите честитики за Адора Инженеринг на форумот во Париз пристигнале од грчки бизнисмен, кој изјавил  дека нема граници за бизнис соработка меѓу Грција и Македонија. Наградата во Париз доделена од Клубот на глобалните бизнис лидери со 7.500  претприемачи од 95 држави во светот е трето високо меѓународно признание за Адора Инженеринг која во мај годинава од овој клуб ја доби интернационалната награда за градежништво во Мадрид, Шпанија, а во 2012-та година ги доби наградите за најуспешна компанија и најуспешен менаџер од Европската Бизнис Асамблеа во Виена, Австрија.

Адора

Поврзани вести

Адора со донација на лаптоп-компјутери за библиотеката во Радовиш

Во рамки на одбележувањето на 24 години Адора Бизнис Групација, на 28 август беше реализирана донација на лаптоп-компјутери за Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Признание за проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот тридецениски придонес во македонското рударство

По повод Денот на рударите – 28 Август, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини му додели признание на проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Оглас за вработување

Помошник во кујна ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот тим и има потреба од помошник готвач

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Медицински сестри / Медицински техничари ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот медицински тим и има потреба

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Негуватели / Негувателки ПУСЗ „Оаза“ го проширува својот тим и има потреба од негуватели / негувателки кои со својата посветеност и професионалност ќе придонесат за

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Официјално отворен Домот за стари лица „ОАЗА во Општина Илинден

Во присуство на претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, претставници на државни и локални институции, деловната заедница, соработници и гости, официјално беше отворен Домот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ