Квалификации и работни задачи:
– Aктивно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
– Соодветно високо образование;
– Активно познавање на англиски јазик, познавање на друг странски јазик ќе се смета за предност;
– Познавање во организација на настани и креирање на промотивни материјали;
– Познавање и искуство со социјални медиуми и останати алатки за информирање и промоција;
– Познавање и искуство во креирање на соопштенија за јавност;
– Организација, водење, осмислување и креирање на комуникациите со јавноста, ПР и маркетинг активности зa сите сегменти на работењето на компанијата;
– Грижа за имиџот и бренд идентитетот на компанијата внатре и надвор во јавноста.
Потребни општи работни комепетенции, вештини и способности:
– Работите да ги извршува совесно, навремено и квалитетно, а средствата за работа да ги користи економски, целесообразно и одговорно;
– Добри организациски и комуникациски вештини,
– Способност за работа со рокови и соодветна динамика;
– Професионална етика, навремено и уредно завршување на задачите, и посветеност кон организациските цели и целите на проектот/те;
– Интерес за постојано унапредување на своето стручно знаење;
– Самоиницијативност;
– Професионален однос кон работата и работните задачи;
– Работење со други/способност за тимска работа;
– Способност во организирање на ресурси и поставување на приоритети.
• Предност имаат кандидатите со работно искуство на соодветната работна позиција.
Доколку сте заинтересирани за позицијата, Ве молиме да ни испратете Ваше CV (биографија) на следната е-mail адреса: pravo@adora.com.mk со назнака за соодветната работна позиција: „Апликација за Советник за односи со јавноста”.






