New York SEC ја акредитираше Prime Capital powered by Adora како првата инвестициска консултантска компанија со македонски капитал и седиште на Вол Стрит — епицентарот на светските финансии. Основана од нашиот заменик-претседател на Адора, Душко Чифлиганец, и технолошкиот инвеститор Иван Ивановски, компанијата е создадена со јасна мисија: да обезбеди стабилен, сигурен и одржлив раст на капиталот за своите инвеститори.
Со лиценца од U.S. Securities and Exchange Commission, Prime Capital веќе успешно соработува со клиенти од Блискиот Исток, Азија и Европа. Дополнително, е во напредна фаза на купување и ребрендирање на инвестициски фонд во Северна Македонија, овозможувајќи пристап до глобалните пазари за домашните инвеститори.
Prime Capital работи како независна консултантска компанија со фокус на интелигентно управување со ризик и капитал, инвестирајќи во клучни сектори како вештачка интелигенција, финтек, енергетска транзиција и одржливи технологии.
Овој чекор претставува јасен доказ за стратегијата на диверзификација на Адора, која преку Prime Capital влегува во светот на глобалните финансии и отвора нови перспективи за економски раст и трансформација.
За повеќе информации посетете ја официјалната веб-страница: https://theprime.capital






