Во рамки на заложбата за поддршка на образованието, младите таленти и општествената одговорност, Адора Бизнис Групацијата додели едногодишна стипендија на ученикот Димитар Атанасов, спортист на генерацијата од ООУ „Крсте Петков Мисирков“ – Радовиш.
Стипендијата претставува признание за неговите досегашни постигнувања и дополнителна мотивација за понатамошен личен и професионален развој. Преку ваквите иницијативи, Адора продолжува да вложува во млади, посветени и перспективни ученици кои се симбол на позитивни вредности во општеството.
„Веруваме дека поддршката на млади и талентирани ученици претставува инвестиција во подобро и посилно општество. Му честитаме на Димитар за заслуженото признание и му посакуваме уште многу успеси на неговиот пат“, изјави генералниот директор проф. д-р Ванчо Чифлиганец.
Компанијата и во иднина ќе продолжи да го поддржува развојот на млади генерации преку стипендии, донации и партнерства со образовни институции.






