НОВОСТИ

НОВОСТИ

ЌЕ ЗАПОЧНЕ СО ИЗГРАДБА СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈЕТО ЗА ВОДИЦИ ВО ОХРИД-ДОНАЦИЈА НА Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ-КУМ НА ВОДИЦИ ОХРИД-2012

ЌЕ ЗАПОЧНЕ СО ИЗГРАДБА СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈЕТО ЗА ВОДИЦИ ВО ОХРИД-ДОНАЦИЈА НА Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ-КУМ НА ВОДИЦИ ОХРИД-2012

Во Охрид наскоро ќе започнат работите за подигнување на спомен обележјето посветено на Водици. Постаментот на споменикот ќе биде готов до големиот христијански празник Богојавление, а во првата половина на 2014-та година ќе биде поставен споменикот во центарот на Охрид.

„По работната средба која ја имавме со градоначалникот на Општина Охрид, д-р Никола Бакрачески и надлежите во локалната самоуправа, ги дефиниравме работите за споменикот и се договоривме наскоро да започнеме со активностите  на брегот на Охридското Езеро, кај градското пристаниште, простор што беше одреден од страна на Одборот за подигнување на спомен обележјето. Работите на постаментот треба да завршат до големиот празник Богојавление 2014-та, кога на 19-ти јануари таму ќе се одржи најмасовната прослава на Водици во овој дел од правосланиот свет. Очекуваме скулптурата да се излее и изработи во првата половина од идната година и да се постави како ново споменично обележје на најубавиот дел од Балканскиот Ерусалим, каде ќе ги задоволи срцата на христијанските верници од Охрид, Македонија и пошироко“-изјави проф. д-р Ванчо Чифлиганец, директор на градежната компанија Адора Инженеринг, Кум на Водици Охрид-2012-та, донатор на спомен обележјето на Водици во Охрид.

 

Идејно решение на спомен обележјето за Водици во Охрид

 

 

 

 

 

 

 

Адора

Поврзани вести

Адора со донација на лаптоп-компјутери за библиотеката во Радовиш

Во рамки на одбележувањето на 24 години Адора Бизнис Групација, на 28 август беше реализирана донација на лаптоп-компјутери за Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Признание за проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот тридецениски придонес во македонското рударство

По повод Денот на рударите – 28 Август, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини му додели признание на проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Оглас за вработување

Помошник во кујна ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот тим и има потреба од помошник готвач

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Медицински сестри / Медицински техничари ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот медицински тим и има потреба

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Негуватели / Негувателки ПУСЗ „Оаза“ го проширува својот тим и има потреба од негуватели / негувателки кои со својата посветеност и професионалност ќе придонесат за

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Официјално отворен Домот за стари лица „ОАЗА во Општина Илинден

Во присуство на претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, претставници на државни и локални институции, деловната заедница, соработници и гости, официјално беше отворен Домот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ