Со метафоричко претставување на успешниот развој на Адора Инженеринг, која за 11 години, се искачи на 11-тото место по успешност во македонската економија, ген. дир. на компанијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, се обрати на денешната конференција која на тема: „Подобрената бизнис клима за одржливи претпријатија во Македонија“ се одржа во Музејот на македонската борба во Скопје.
„Лидерското-прво место како најуспешна компанија во високоградбата и во градежништвото во 2012 година во Македонија и 11-тото место по успешност, каде Адора Инженеринг се искачи за 11 годишниот развој, се должи на стабилното и јако дрво кое го засадивме со голем корен на плодната почва, симболизирана преку поволната бизнис клима што ја создаде Владата на Република Македонија, особено во градежниот сектор. Разгранетите гранки кои даваат зрели плодови, претставени преку успехот на компанијата, се резултат пред сè на посветената работа, успешните проекти, пожртвуваноста на вработените, постојаната едукација, следење и примената на новините во градежништвото, што заедно со целиот стручен тим, се должи и на моето 22 годишно искуство во успешно менаџирање со бизнисот, 11 години со државен и 11 години со приватен капитал.“ – истакна проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора Инженеринг Скопје, кој порача дека има услови за водење успешен бизнис во Македонија, за што потврда се позитивните примери како успешната македонска градителска приказна Адора Инженеринг Скопје.
На конференцијата која ја организира Организацијата на работодавачите на Македонија, Бизнис конфедерацијата на Македонија и Меѓународната организација на трудот, претставници на државните институции, домаќините и стопанскиот сектор, дискутираа за подобрувањето на условите за водење бизнис во Македонија.







