По само 21 ден од почетокот на работите, со вкупно 7.000 м² површина, 4.000 м³ вграден бетон и 400 тони вградено железо, поставена е седмата армирано-бетонска плоча на новиот станбен објект, кој Адора Инженеринг го гради во срцето на општина Аеродром, Скопје, во близина на црквата Свети Илија во рамките на новиот комплекс со елитни објекти на компанијата на овој простор.

Вредните градежни работници, водени од стручниот и менаџерски тим на компанијата, генералниот директор проф. д-р Ванчо Чифлиганец, инженерите Стефан Орачески, Глигор Ѓорѓиев, Вангел Ташовски и градежните техничари Благоја Ѓуров и Блажо Маноилов, на секои три дена поставуваат по една армирано-бетонска плоча, што значи дека станбениот објект Аеродром-Црква ќе биде изграден 60 дена порано од предвидениот рок и се очекува зградата во фаза на карабина да биде изградена за 12 наместо за планираните 24 месеци.


За дадената доверба со купување нов дом од Адора Инженеринг Скопје, станарите добиваат брза, високо асеизмичка, квалитетна и енергетски ефикасна градба, а гаранција за градежниот бренд Адора Инженеринг, е и првото лидерско место во градежниот сектор и високото 11-то место меѓу најуспешните компании во Македонија, што заслужува респект од бизнис заедницата.









