Тимот архитекти-инженери од проектантското биро на Адора инженеринг, меѓу кои и стручњаците по енергетска ефикасност, учестуваа на форумот во Скопје, на кој се дискутираше за „Енергетската ефикасност на зградите и нивната пожарна безбедност“. На форумот во организација на комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија, беа презентирани искуства и ставови за законската регулатива за енергетската ефикасност на објектите, системите за надворешни фасадни топлински изолации, пожарната безбедност на зградите и пожарната отпорност на градежните елементи, за енергетски ефикасните фасади и нивната пожарна отпорност, одредувањето и оценувањето на топлоизолационите карактеристики и огноотпорноста на ѕидовите од гас-бетон при проектирањето на станбени згради и пожарната безбедност на енергетските ефикасни конструкции. Стручњаците по енергетска ефикасност во Адора инженеринг кои ги следат и применуваат најновите технологии и стандарди за изградба на еко домовите, за кои се добиени првите енергетски пасоши А класа во Македонија, се запознаа со најновите сознанија од оваа проблематика од домашните експерти во високообразовната сфера во Македонија и од еминентните стручњаци од странство, проф. д-р Дубравка Бјеговиќ од градежниот факултет во Загреб, Хрватска и доц. д-р Иван Тодоров, декан на факултетот за пожарна безбедност и заштита на население во Бугарија. 







