Енергетски пасош А-класа доби станбениот објект „Скопје-Аеродром Црква 1“ кој Адора инженеринг го изгради во срцето на општина Аеродром, во близина на црквата Свети Илија, меѓународната железничка и автобуска станица, на 15-тина минути пеш од строгиот центар на Скопје. Сертификатот за енергетските карактеристики на станбените згради, издаден од лиценцираната фирма ДЕЛТА ПРОЕКТ е официјална потврда за одличните енергетски параметри на објектот, со драстично помала потрошувачка на енергија за греење од порано, пониска емисија на CO₂ во воздухот и други позитивни ефекти за станарите и животната средина. Според индикаторите во енергетскиот пасош, објектот има потрошувачка на енергија за греење 24,35 kWh/m²a, што го класифицира во високата А енергетска класа, која ги опфаќа станбените објекти со потрошувачка на енергија под 25 kWh/m² на годишно ниво. Коефициентите на топлопроводливост на фасадната обвивка се значително подобри од законски пропишаните, што се должи на добрите материјали за изолација со графитниот стиропор од 10 cm, безметални ПВЦ профили Geneo Fipro и трислојни стаклопакети со нискоемисионо стакло. Вградените сертифицирани материјали се по европските стандарди од најново производство. Станбениот еко објект „Скопје-Аеродром Црква 1“ е трет објект на Адора инженеринг со енергетски пасош А-класа, што компанијата го има добиено и за објектите „Скопје Аеродром Парк 1“ и „Скопје-Ново Лисиче 3.13“. Првите сертификати за енергетски карактеристики на згради во Македонија, издадени на Адора инженеринг се потврда за постојаното залагање и инвестирање на компанијата во едукацијата на кадри, следењето и примената на најновите светски трендови за квалитетно, здраво и долгорочно економично домување. 







