Во Адора инженеринг денеска се одбележаа празниците Св. Трифун и Св. Валентин. Во знак на внимание и почит, генералниот директор на Адора инженеринг проф. д-р Ванчо Чифлиганец со извршниот директор д-р Драгана Д. Чифлиганец, ги изненадија дамите во компанијата подарувајќи им цветни аранжмани . По неделата исполнета со макотрпна и динамична работа, овој гест од страна на топ менаџментот ги расположи вработените и претставува мотив за убав, романтичен викенд со позитивни мисли, вино и љубов. Адора инженеринг и Вам ви посакува викенд исполнет со многу љубов и убава мисла. 








