НОВОСТИ

НОВОСТИ

ПРОМОВИРАНА КНИГАТА „ФИЛАНТРОПИЈАТА НА ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ“ ОД ВЕНКО АНДОНОВСКИ

ПРОМОВИРАНА КНИГАТА „ФИЛАНТРОПИЈАТА НА ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ“ ОД ВЕНКО АНДОНОВСКИ

Во Стопанската комора на Македонија, во Скопје, во присуство на претседателот на владата Зоран Заев, заменик премиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, градоначалници, академици, директори, банкари и видни личности од бизнис заедницата, политичкиот, општествениот и јавниот живот, денес беше промовирана книгата „Филантропијата на проф. д-р Ванчо Чифлиганец“, најново дело на истакнатиот македонски писател Венко Андоновски. Книгата, уникатна по тоа што за прв пат донесува компаративна филозофска анализа на местото на македонската во однос на светската филантропија, преку примерот на познатиот бизнисмен и филантроп проф. д-р Ванчо Чифлиганец, основач и генерален директор на градежната компанија Адора инженеринг, на 500 страници текст со богата илустрација, дава оригинален приказ на зачетоците, мотивите,  развојот и оставштината што овој наш современ филантроп ја остави за за општеството. Авторот Андоновски, анализирајќи ги Бил Гејтс ( основачот на „Мајкрософт“ ), Марк Закерберг ( основачот на „Фејсбук“ ) и други познати светски филантропи, во книгата истакнува дека наспроти глобалниот филантрокапитализам, нашата македонска филантропија, низ примерот на Чифлиганец, покажува еден нов феномен на повеќе „капиларни“ невидливи, филантропски дарувања за помагање на клетките и ткивото на општеството. Чифлиганец, кој многупати подвлекол дека филантропијата не се учи, туку прави, со срце и душа, за 16 години, преку Адора инженеринг и Фондацијата што го носи неговото име, за заедницата издвоил повеќе од 3,5 милиони евра. Книгата, според која темелите на филантропијата на Чифлиганец во неговите детски години се солидарноста и хуманоста на неговото скромно семејство во родното Раклиш, дава приказ на човекољубието на овој современ филантроп преку безброј хумани активности за бездомниците, социјално загрозените, болните, студентите, вработените, спортот, науката, културата, општините, граѓаните и општеството во целина. Проф. д-р Ванчо Чифлиганец на промоцијата на книгата за неговата филантропија даде одговор на прашањето што треба да ни биде прозорец во животот, материјалното по кое трчаме секојдневно, или духовното кое како сенка трча по нас барајќи да бидеме почовечни, праќајќи силна порака до младите и сите генерации да се напреваруваме во правење добрина, затоа што тоа според него е највисокиот морален, човечки чин. За книгата и филантропскиот лик на проф. д-р Ванчо Чифлиганец, на промоцијата зборуваа Бранко Азески, претседател на Стопанската комора, Академик Владо Камбовски, ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип, Блажо Боев, дописен член на МАНУ и авторот Венко Андоновски. Погледнете го видеото од промоцијата на книгата и документарниот филм за филантропијата на проф. д-р Ванчо Чифлиганец.  

Адора

Поврзани вести

Адора со донација на лаптоп-компјутери за библиотеката во Радовиш

Во рамки на одбележувањето на 24 години Адора Бизнис Групација, на 28 август беше реализирана донација на лаптоп-компјутери за Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Признание за проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот тридецениски придонес во македонското рударство

По повод Денот на рударите – 28 Август, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини му додели признание на проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Оглас за вработување

Помошник во кујна ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот тим и има потреба од помошник готвач

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Медицински сестри / Медицински техничари ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот медицински тим и има потреба

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Негуватели / Негувателки ПУСЗ „Оаза“ го проширува својот тим и има потреба од негуватели / негувателки кои со својата посветеност и професионалност ќе придонесат за

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Официјално отворен Домот за стари лица „ОАЗА во Општина Илинден

Во присуство на претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, претставници на државни и локални институции, деловната заедница, соработници и гости, официјално беше отворен Домот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ