НОВОСТИ

НОВОСТИ

Интервју со Душко Чифлиганец во „Менаџер Капитал“ за најновите бизнис предизвици, инвестицијата во Србија и клучот за одржливост во кризно време

Интервју со Душко Чифлиганец во „Менаџер Капитал“ за најновите бизнис предизвици, инвестицијата во Србија и клучот за одржливост во кризно време

Во мега интервјуто „Лицето на модерното градежништво“ во најновото издание во економскиот магазин „Менаџер Капитал“, Душко Чифлиганец, заменик претседател на Adora Business Group, зборува на актуелни бизнис и животни теми во неизвесното пандемиско време. Тој порачува дека на глобалната бизнис сцена, сега повеќе од било кога, е евидентен концептот „Modernise or Die”, што значи дека единствениот начин за опстанок и комфор во ова некомфорно време е секој бизнис да биде крајно адаптибилен, флексибилен и да се стреми кон најновото, најнапредното и најиновативното. „Со започнувањето на пандемијата, неизвесноста стана огромна и сите досегашни анализи повеќе не беа релевантни. Набрзо го идентификувавме Златибор како едно од ретките места на Европската мапа каде што продажбата на недвижности е драстично зголемена, како дестинација која е во огромна експанзија и има растечка популарност, по што делувавме брзо. Оригинален и иновативен, суптилно креиран за планински хедонизам во кој ќе уживаат задоволни и среќни купувачи, комплексот „21st Century Zlatibor Residence, Spa & Wellness” e најновиот градежен проект на брендот Адора во соседна Србија, вреден 15 милиони евра, кој е во фокусот на моето работење“.- потенцира Душко Чифлиганец, заменик претседател на Адора Бизнис Групацијата, што се окрупни и го прошири градежниот бизнис во други земји, како и во други области. Најмладиот претставник на топ менаџментот на Адора, оценува дека паметниот начин на инвестирање во резиденцијално-хотелскиот комплекс на Златибор кој ги враќа вложените пари, е адекватен пример и одлична илустрација за флексибилноста и исклучителната важност на способноста за брза адаптација, што компаниите мора да ја поседуваат во денешната деловна средина. „Во новото време малите детали ја креираат глемата слика и ги диверзифицираат најдобрите од останатите. Мојот досегашен успех на проектите, каде што јас бев проект лидер се заснова токму на исклучителната работа посветена на маргините, односно деталите. И верувајте, многу често количината на вложеното време во одредена работа има поголема улога во нешто дали ќе испадне убаво или не, отколку вложените пари во истото. Ова е сегмент за кој што можеби повозрасните генерации немаат толку трпение како нас, помладите“, истакнува Душко Чифлиганец во интервјуто во „Менаџер Капитал“, каде меѓу другото тој зборува и за соработката со Ѓоковиќ Фондацијата, за вложувањето во акции наместо во криптовалути и за неговиот животен слоган „Треба да работиме за да живееме, а не обратно“. Интегралното интервју прочитајте го на следниот линк: www.kapital.mk   

Адора

Поврзани вести

Адора со донација на лаптоп-компјутери за библиотеката во Радовиш

Во рамки на одбележувањето на 24 години Адора Бизнис Групација, на 28 август беше реализирана донација на лаптоп-компјутери за Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Признание за проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот тридецениски придонес во македонското рударство

По повод Денот на рударите – 28 Август, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини му додели признание на проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Оглас за вработување

Помошник во кујна ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот тим и има потреба од помошник готвач

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Медицински сестри / Медицински техничари ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот медицински тим и има потреба

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Негуватели / Негувателки ПУСЗ „Оаза“ го проширува својот тим и има потреба од негуватели / негувателки кои со својата посветеност и професионалност ќе придонесат за

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Официјално отворен Домот за стари лица „ОАЗА во Општина Илинден

Во присуство на претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, претставници на државни и локални институции, деловната заедница, соработници и гости, официјално беше отворен Домот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ