НОВОСТИ

НОВОСТИ

На светскиот ден на детето, Адора донираше клупи за Детската клиника во Скопје

На светскиот ден на детето, Адора донираше клупи за Детската клиника во Скопје

Светскиот ден на детето, Адора Бизнис Групацијата го одбележа со донација на клупи кои се поставени пред Универзитетската клиника за детски болести во Скопје. Сите деца имаат право да растат безгрижно, здраво и среќно, а нивните насмевки се нашето најголемо богатство. Затоа, компанијата Адора ја користи секоја можност со повод, но и без повод, да ги израдува нaјмладите со пакетчиња за новогодишните празници, со компјутери на почеток на учебната година, со опрема и помагала за училиштата и градинките, спонзорства на спортски настани, натпревари и клубови. Со последната донација на клупи сакавме да создадеме пријатно катче пред Детската клиника во Скопје за одмор на децата и нивните родители, кои ја посетуваат или се лекуваат во клиниката. Во рамките на хуманитарните активности за најмладите, е и донацијата на апаратот за рана дијагностика на оштетување на слухот кај новороденчињата, којшто извршната директорка на Адора, д-р Драгана Д. Чифлиганец минатата година ѝ го подари на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Преку партнерство во заедничка хумана мисија на фондациите Новак Ѓоковиќ и проф. д-р Ванчо Чифлиганец, се изгради нова градинка во селото Љубиш, во близина на Златибор, кадешто Адора го гради хотелско – резиденцијалниот комплекс „21st Century Residence, Spa & Wellness”. Заменик претседателот на Adora Business Group, Душко Чифлиганец, Новак и Јелена Ѓоковиќ пред десетина дена ја пуштија во употреба новата комплетно реконструирана и опремена градинка, со што ги израдуваа најмладите жители. Филозофијата на Адора е секогаш да возврати нешто и да остави корисни дела за поквалитетен живот во средините каде што инвестира. Мото на дведецениската корпоративна општествено одговорна филозофија на брендот Адора е дека вистинскиот успех на една компанија се мери со квалитетот на општеството што успеала да го создаде во средината кадешто делува.

Адора

Поврзани вести

Адора со донација на лаптоп-компјутери за библиотеката во Радовиш

Во рамки на одбележувањето на 24 години Адора Бизнис Групација, на 28 август беше реализирана донација на лаптоп-компјутери за Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Признание за проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот тридецениски придонес во македонското рударство

По повод Денот на рударите – 28 Август, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини му додели признание на проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Оглас за вработување

Помошник во кујна ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот тим и има потреба од помошник готвач

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Медицински сестри / Медицински техничари ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот медицински тим и има потреба

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Негуватели / Негувателки ПУСЗ „Оаза“ го проширува својот тим и има потреба од негуватели / негувателки кои со својата посветеност и професионалност ќе придонесат за

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Официјално отворен Домот за стари лица „ОАЗА во Општина Илинден

Во присуство на претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, претставници на државни и локални институции, деловната заедница, соработници и гости, официјално беше отворен Домот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ