НОВОСТИ

НОВОСТИ

КУПУВАЧИ НА ДОМ ОД АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ОДАТ НА ПАТУВАЊЕ ВО РИМ-ПОДАРОК ОД КОМПАНИЈАТА

КУПУВАЧИ НА ДОМ ОД АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ОДАТ НА ПАТУВАЊЕ ВО РИМ-ПОДАРОК ОД КОМПАНИЈАТА

„Најмногу љубов и уживање на m², во новиот дом и во вечниот град Рим“ е слоганот под кој 12 купувачи на стан од Адора инженеринг, за првомајскиот продолжен викенд ќе го посетат Рим, што е подарок од компанијата за купен стан во февруари, по повод празникот на вљубените. „Постојаната грижа за купувачите е дел од корпоративната култура на градежниот бренд кој 15 години го реализира концептот „Адора секогаш Ви нуди повеќе од дом“, возвраќајќи им за подарената доверба. Најважна состојка во секој дом е љубовта и поради тоа нашата цел беше покрај среќата со купувањето на новиот дом, на купувачите да им подариме моменти на уживање, хармонија и љубов во една од најубавите туристички дестинации во светот, вечниот град Рим“, изјави Душко Чифлиганец, заменик генерален директор во Адора инженеринг, при предавањето на ваучерите за Рим на добитниците на подарокот. „Адора инженеринг ја избрав зошто го сакам најдоброто за моето семејство. Oваа компанија е најдобра во градежниот бизнис, гради сеизмички стабилни станови и вградува градежни материјали со најдобар квалитет, а изборот на објектот Адора Flatiron Скопје е затоа што таа е најубавата зграда во Македонија. Подареното патување беше големо, неочекувано и пријатно изненадување за нас. По уредувањето на новиот дом, ќе се одмориме, ќе прошетаме и ќе уживаме во Рим, каде водат сите патишта, па и нашите“, вели Сашо Јанев, еден од наградените купувачи, кои својата доверба при изборот на нов дом ѝ ја дале на Адора инженеринг. Заедно со континуираното усовршување во изградбата на квалитетни објекти по светски стандарди, со ексклузивен стил и дизајн, во оваа компанија продолжуваат со интересни изненадувања за купувачите, кои од Адора со купениот дом секогаш добиваат дополнителна вредност и среќа.

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ