НОВОСТИ

НОВОСТИ

СЕ ВСЕЛУВААТ НОВИТЕ СТАНАРИ ВО „АЕРОДРОМ ЦРКВА 2“, ЕДНА ГОДИНА ПО ПОЧЕТОКОТ НА ГРАДБА

СЕ ВСЕЛУВААТ НОВИТЕ СТАНАРИ ВО „АЕРОДРОМ ЦРКВА 2“, ЕДНА ГОДИНА ПО ПОЧЕТОКОТ НА ГРАДБА

Со примопредавањето на становите и вселувањето на првите станари во рекорден рок од само една година по добиеното одобрение за градба и почетокот на изградбата, завршениот станбен објект „Аеродром Црква 2“, деновиве почна да живее како пријатно место каде повеќе од сто семејства имаат свој нов среќен дом. По предавањето на клучевите, станарите на овој енергетски ефикасен објект веднаш до „Аеродром Црква 1“, наспроти црквата Свети Илија во модерната општина Аеродром, почнаа да се вселуваат во новите сигурни, современи и долгорочно економични домови, изградени според најновите светски стандарди и трендови за квалитетно домување. Домовите со максимална функционалност, изградени по мерка на граѓаните, на станарите им нудат докажана врвна сеизмичка стабилност и пријатно уреден амбиент за живеење со сите придобивки на современото домување во објект со А енергетска класа, кој ќе им овозможи долгорочна заштеда на енергија и пари и неколкукратно намалени трошоци за греење и ладење. Адора инженеринг на сите нови станари во „Аеродром Црква 2“ во комплексот со повеќе објекти на само 10 минути пеш од плоштадот Македонија во Скопје, им посакува искрено и топло добредојде во новиот дом и нека тој им биде исполнет со здравје, хармонија, љубов, успеси и бериќет од среќа.2015-02-26 13.55.24 13012622_10154074284374898_8407048215617877991_n DSCN4699 DSCN4700

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ