НОВОСТИ

НОВОСТИ

Со акцијата „Во спомен на Биби“, Адора обезбеди преглед на дојка за сите свои вработени жени

Со акцијата „Во спомен на Биби“, Адора обезбеди преглед на дојка за сите свои вработени жени

Под мотото „Свесни сме“, Адора Бизнис Групацијата организирано се придружи на розовиот октомври, месецот посветен на подигнување на свеста кај жените, за заедничка борба против канцерот на дојка, преку бесплатни превентивни прегледи.

„Со апел посебно до младите, но и до жените од сите генерации, редовно да се прегледуваат, зошто болеста не бира возраст, сакавме да дадеме конкретен придонес во грижата за женското здравје, меѓусебно да се поддржиме и заедно да му се спротивставиме на канцерот на дојка.“ – порача д-р Драгана Д. Чифлиганец, извршна директорка на Адора, која и во оваа прилика изрази жалење за колешката Биби Веселинова која на 32 години, бргу по породувањето, во 2018-тата, ја загуби битката со ракот, но многу често со нејзината насмевка и ведар дух, таа е присутна во мислите на колегите.

Дамите на Адора, кои комплетно се вклучија во акцијата „Во спомен на Биби“, ги повикуваат сите жени, но и надлежните институции, поактивно да се ангажираат во превенција и рана детекција на ракот на дојка, како најчесто малигно заболување и водечка причина за смртност кај жените во светот и во Македонија.

Адора

Поврзани вести

Адора со донација на лаптоп-компјутери за библиотеката во Радовиш

Во рамки на одбележувањето на 24 години Адора Бизнис Групација, на 28 август беше реализирана донација на лаптоп-компјутери за Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Признание за проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот тридецениски придонес во македонското рударство

По повод Денот на рударите – 28 Август, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини му додели признание на проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Оглас за вработување

Помошник во кујна ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот тим и има потреба од помошник готвач

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Медицински сестри / Медицински техничари ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот медицински тим и има потреба

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Негуватели / Негувателки ПУСЗ „Оаза“ го проширува својот тим и има потреба од негуватели / негувателки кои со својата посветеност и професионалност ќе придонесат за

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Официјално отворен Домот за стари лица „ОАЗА во Општина Илинден

Во присуство на претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, претставници на државни и локални институции, деловната заедница, соработници и гости, официјално беше отворен Домот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ