НОВОСТИ

НОВОСТИ

ФОНДАЦИЈАТА ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ ГИ ДОДЕЛИ СТИПЕНДИИТЕ ЗА ПРВАТА СЕРТИФИЦИРАНА АКАДЕМИЈА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

ФОНДАЦИЈАТА ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ ГИ ДОДЕЛИ СТИПЕНДИИТЕ ЗА ПРВАТА СЕРТИФИЦИРАНА АКАДЕМИЈА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

Во срдечен амбиент во Адора инженеринг, генералниот директор проф. д-р Ванчо Чифлиганец им ги подели ваучерите и размени искуства со стипендистите на академијата Адора инженеринг, кои го усовршуваат знаењето со поддршка на Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец и НАПАГ, Националната асоцијација на престижни академски граѓани. Десетмината најталентирани и најуспешни студенти со висок просек на Универзитетот Свети Кирил и Методиј, Скопје, од факултетите за градежништво, архитектура, геодезија, економија, медицина, фармација, филолошкиот и филозофскиот факултет, се заблагодарија за поддршката за доедукација на првата сертифицирана академија Адора инженеринг, каде надвор од формалното образование ги збогатуваат знаењата со практични искуства и вештини за иновативно и креативно претприемништво, како добра основа за работното  ангажирање. Младите луѓе, идни носители на економскиот, научниот, политичкиот и општествениот живот и развој во Македонија, низ разговори со менаџментот на Адора инженеринг се интересираа за различни конкретни аспекти од реалниот бизнис и работењето на компанијата, чии врати се отворени за нови, образувани, квалитетни и амбициозни кадри. Генералниот менаџер на Адора инженеринг и директор на фондацијата, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, го сподели своето лично и професионално искуство со младите стипендисти, кои ги мотивира да бидат упорени, посветени и трудољубиви во остварувањето на сопствените идеи, фантазии и соништа. Д-р Чифлиганец со ваучерот за стипендиите, на гостите им ја подари книгата „Можеш и ти“, Само делата се вистина, 60 години Ванчо Чифлиганец, романизирана биографија од авторот Венко Андоновски, своевиден деловен прирачник за младите генерации кои се на почетокот на професионалниот живот и остварување на својот сон. Претседателот на НАПАГ д-р Виктор Ѓорѓиески и потпретседателот д-р Игор Андреев, ја оценија како многу значајна и корисна поддршката за едукација на младите од Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, што на избраните  најуспешни студенти од Македонија им овозможи да се здобијат со креативни и иновативни бизнис вештини преку првата сертифицирана академија Адора инженеринг.DSCN0183 DSCN0203 DSCN0207 DSCN0210 DSCN0208 DSCN0212 DSCN0217

Адора

Поврзани вести

Адора со донација на лаптоп-компјутери за библиотеката во Радовиш

Во рамки на одбележувањето на 24 години Адора Бизнис Групација, на 28 август беше реализирана донација на лаптоп-компјутери за Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Признание за проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот тридецениски придонес во македонското рударство

По повод Денот на рударите – 28 Август, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини му додели признание на проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Оглас за вработување

Помошник во кујна ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот тим и има потреба од помошник готвач

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Медицински сестри / Медицински техничари ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот медицински тим и има потреба

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Негуватели / Негувателки ПУСЗ „Оаза“ го проширува својот тим и има потреба од негуватели / негувателки кои со својата посветеност и професионалност ќе придонесат за

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Официјално отворен Домот за стари лица „ОАЗА во Општина Илинден

Во присуство на претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, претставници на државни и локални институции, деловната заедница, соработници и гости, официјално беше отворен Домот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ