НОВОСТИ

НОВОСТИ

СО РЕКОРДНО НАЈБРЗА, БЕЗБЕДНА И КВАЛИТЕТНА ГРАДБА, СЕ РАБОТИ КРОВНАТА КОНСТРУКЦИЈА НА СТАНБЕНИОТ ОБЈЕКТ „АЕРОДРОМ ЦРКВА 2“ ВО СКОПЈЕ

СО РЕКОРДНО НАЈБРЗА, БЕЗБЕДНА И КВАЛИТЕТНА ГРАДБА, СЕ РАБОТИ КРОВНАТА КОНСТРУКЦИЈА НА СТАНБЕНИОТ ОБЈЕКТ „АЕРОДРОМ ЦРКВА 2“ ВО СКОПЈЕ

Со рекордно најбрза градба досега, за само 48 работни дена од почетокот на работата, подигнати се 11 нивоа од елитниот станбен објект „Аеродром Црква 2“  плус две нивоа за подземни паркиралишта, а сега интензивно се работи на  кровната конструкција и ѕидарските работи во становите. Објектот е со докажана асеизмичка стабилност, во кој се вградени 6.000 м³ бетон со МБ 40 и 630 тони бетонско железо и изградени армирано-бетонски плочи со вкупно развиена површина од 13.739 м², што гарантира безбедност и мирен сон на станарите. Објектот е со  врвен квалитет и енергетска ефикасност А-класа, според  европските стандарди и современи трендови, со вградени сертифицирани материјали. Станбениот објект „Аеродром Црква 2“, со две подземни нивоа за модерни паркинг простори и 11 ката со станови со површина од 24 до 85 м², е во елитниот станбено-деловен комплекс што Адора инженеринг го гради во срцето на општина Аеродром, до меѓународната железничка и автобуска станица, на само 10 минути пеш од строгиот центар на Скопје. Рекордно брзата, безбедна и квалитетна градба што треба комплетно да биде завршена за 10-тина месеци, се должи на посветената, високопрофесионална и стручна работа на вредниот тим искусни и докажани инженери и градежни работници во компанијата, афирмирани во светот, кои ги градат препознатливите  објекти на овој градежен бренд. За новите станови на Адора инженеринг во општина Аеродром, Скопје, има голем интерес, што покрај потврдениот квалитет и илјадниците задоволни купувачи, се должи и на поволните услови за одложено плаќање, со долгорочни станбени кредити со мало учество и ниски камати, преку одлична соработка на компанијата со банкарскиот сектор во Македонија. Foto 1 Foto 2  Foto 3

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ