НОВОСТИ

НОВОСТИ

ДОДЕЛЕН АПАРАТ ЗА КОР БИОПСИИ НА ДРЖАВНАТА КЛИНИКА ЗА РАДИОТЕРАПИЈА И ОНКОЛОГИЈА, ДОНАЦИЈА СО УЧЕСТВО НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

ДОДЕЛЕН АПАРАТ ЗА КОР БИОПСИИ НА ДРЖАВНАТА КЛИНИКА ЗА РАДИОТЕРАПИЈА И ОНКОЛОГИЈА, ДОНАЦИЈА СО УЧЕСТВО НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

Првиот апарат-пиштол за кор биопсии, кој денеска и беше предаден на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Државната болница во Скопје, е донација на неколку компании во Македонја, меѓу кои е Адора Инженеринг. Со хуманитарната донација, организирана од агенцијата Марили се надополни палетата на дијагностички постапки за рано детектирање на тумор на дојката, на лимфните жлезди достапни за пункција и на поткожните тумори.

Донирање на пиштолот за кор биопсии на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Државната болница во Скопје

„Пиштолот за кор биопсии ќе го надмине досегашниот проблем во работата, кога со тенкоиглената биопсија не можеше да се земе доволно материјал и ќе овозможи да не се боцкаат пациентите повеќе пати, туку првото земање материјал ќе биде доволно да се постави дијагноза и да не се губи време, што е најважно за овој вид на болести. На овој начин се надминува проблемот на недостиг на овој вид медицински услуги во јавното здравство, за што обучивме и лекари во странство, екипиравме стручен тим, со што сега пацинетите нема потреба повеќе да одат за овој тип услуга во приватното здравство“. – вели д-р Милан Ристески, директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, кој порачува дека без социјалната одговорност на дел од компаниите, многу домени на јавното здравство би биле беспомошни и уназадени.

Д-р Милан Ристески, директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија со донацијата

„Во годината на одбележување на полнолетството од 18 годишно постоење, Марили реализира хуманитарен проект со донација на апарат за биопсија и рана детекција на карцином на органите на жените на клиниката за радиотерапија и онкологија, со цел да помогнеме на време да се открие оваа тешка болест, да се излечат женитеи да спасиме човечки животи. Идејата за оваа донација беше одлично прифатена од компаниите, со што бизнис заедницата покажа чувство за општествена одговорност, што очекуваме во да резултира со набавка и уште поголеми и повредни донации за здравствените клиники во иднина“.- вели Лидија Трипуноска, генерален менаџер на Агенција Марили.

Директорката на Марили, Лидија Трипуноска, медицинскиот персонал и претставниците на бизнис заедницата-донатори на апаратот

Преку овој позитивен пример, медициските стручњаци се надеваат дека апелот за помош ќе допре и до другите компании во Македонија кои со поголема доверба во реформите во здравството, ќе сватат дека тие се прават за подобрување на лошите состојби во здравствениот сектор, за доброто на заедницата и пациентите, меѓу кои може да се најде секој од нас.

Адора

Поврзани вести

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Со акцијата „Во спомен на Биби“, Адора обезбеди преглед на дојка за сите свои вработени жени

Под мотото „Свесни сме“, Адора Бизнис Групацијата организирано се придружи на розовиот октомври, месецот посветен на подигнување на свеста кај жените, за заедничка борба против

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора со хотелот на Златибор се најде на најпрестижните блогови за архитектура и дизајн во светот

„21st Century Zlatibor е уникатен кондо хотел лоциран во прекрасниот Златибор, во срцето на српските планини. Изграден од регионално реномираната Адора Бизнис Групација, тој е

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

„ОАЗА ОД ВКУС И ЕЛЕГАНЦИЈА НАСРЕД ПЛАНИНСКИ АМБИЕНТ“- 21ST CENTURY ZLATIBOR НИЗ ОБЈЕКТИВОТ НА SRBTEL.MK

Најпосетената планина во Србија, ова лето прослави 130 години од воведувањето на организираниот туризам. Во годината на јубилеот, за љубителите на планинскиот хедонизам, на Златибор

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

21 години Лидер & Предводник во високата градба во Македонија

На 28-ми август, православниот празник Голема Богородица, во 2002 година, потврдениот успешен стопанственик, општественик и филантроп, проф. д-р Ванчо Чифлиганец ја основа приватната компанија Адора

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ