НОВОСТИ

НОВОСТИ

АРХИТЕКТИТЕ НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ НА ФОРУМ ЗА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ НА ЗГРАДИ И НИВНАТА ПОЖАРНА БЕЗБЕДНОСТ

АРХИТЕКТИТЕ НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ НА ФОРУМ ЗА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ НА ЗГРАДИ И НИВНАТА ПОЖАРНА БЕЗБЕДНОСТ

Тимот архитекти-инженери од проектантското биро на Адора инженеринг, меѓу кои и стручњаците по енергетска ефикасност, учестуваа на форумот во Скопје, на кој  се дискутираше за „Енергетската ефикасност на зградите и нивната пожарна безбедност“. На форумот во организација на комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија, беа презентирани искуства и ставови за законската регулатива за енергетската ефикасност на објектите, системите за надворешни фасадни топлински изолации, пожарната безбедност на зградите и пожарната отпорност на градежните елементи, за  енергетски ефикасните фасади и нивната пожарна отпорност, одредувањето и оценувањето на топлоизолационите карактеристики и огноотпорноста на ѕидовите од гас-бетон при проектирањето на станбени згради и пожарната безбедност на енергетските ефикасни конструкции. Стручњаците по енергетска ефикасност во Адора инженеринг кои ги следат и применуваат најновите технологии и стандарди за изградба на еко домовите, за кои се добиени првите енергетски пасоши А класа во Македонија, се запознаа со најновите сознанија од оваа проблематика од домашните експерти во високообразовната сфера во Македонија и од еминентните стручњаци од странство, проф. д-р Дубравка Бјеговиќ од градежниот факултет во Загреб, Хрватска и доц. д-р Иван Тодоров, декан на факултетот за пожарна безбедност и заштита на население во Бугарија.    

Адора

Поврзани вести

Адора со донација на лаптоп-компјутери за библиотеката во Радовиш

Во рамки на одбележувањето на 24 години Адора Бизнис Групација, на 28 август беше реализирана донација на лаптоп-компјутери за Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Признание за проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот тридецениски придонес во македонското рударство

По повод Денот на рударите – 28 Август, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини му додели признание на проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Оглас за вработување

Помошник во кујна ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот тим и има потреба од помошник готвач

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Медицински сестри / Медицински техничари ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот медицински тим и има потреба

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Негуватели / Негувателки ПУСЗ „Оаза“ го проширува својот тим и има потреба од негуватели / негувателки кои со својата посветеност и професионалност ќе придонесат за

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Официјално отворен Домот за стари лица „ОАЗА во Општина Илинден

Во присуство на претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, претставници на државни и локални институции, деловната заедница, соработници и гости, официјално беше отворен Домот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ