Адора Инженеринг ги известува сите купувачи на стан и друг недвижен имот во новоизградениот елитен станбено-деловен објект „Аеродром-Парк“ на ул. „Методија Шаторов-Шарло“ бр. 10, Општина Аеродром, Скопје, дека примопредавањето на становите ќе биде кон крајот на август и во текот на септември годинава. По известувањето на купувачите по пошта, меил, на веб и фб, менаџерите за продажба во Адора Инженеринг во договор со нив, ќе го прецизираат терминот за примопредавање на станот.

Адора Инженеринг, лидер во високоградбата во Македонија, им се заблагодарува на своите купувачи за изборот на овој градежен бренд при купувањето недвижен имот, кој е 100 % македонска сигурна и квалитетна еко градба, прв колективен станбен објект од високата А енергетска класа, што на станарите повеќекратно ќе им заштедува енергија и пари за греење и ладење, од што долгорочните придобивки ќе ги чувствуваат купувачите и нивните потомци. Поради големиот интерес и распродадените станови, Адора Инженеринг планира нови инвестиции во изградба на елитни станбено-деловни објекти во модерната општина Аеродром, Скопје.
