Во рамки на акцијата „На кафе со Шпаркасе Банка“, утре, сабота, 9-ти јули, од 13 до 14 часот на популарната плажа Куба Либре во Охрид, заедно со купонот за кафе и други подароци, посетителите ќе добијат промотивен флаер со кој во соработка со Шпаркасе Банка, Адора Инженеринг нуди семеен станбен кредит за купување еко дом со европски квалитет во објектот Билјанини Извори во Охрид, со специјални поволности. На промотивниот настан, сите заинтересирани ќе добијат детални информации за понудата на елитните станови во енергетски ефикасниот објект А класа на Адора Инженеринг во Охрид, каде за користење на кредит преку Шпаркасе банка купувачите не плаќаат трошоци за одобрување, ниту нотарски трошоци во промотивниот период до 30-ти септември годинава. Овој летен викенд во Охрид не смее да се пропушти промотивната акција на Адора Инженеринг и Шпаркасе Банка на плажата Куба Либре.