НОВОСТИ

НОВОСТИ

ЛИСТ ЗА ПРЕДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ГРАДБА БР. 103835 ЗА СТАНБЕН ОБЈЕКТ НА Г.П. 3.13 – ЕЛИТЕН КОМПЛЕКС „АДОРА“ – СКОПЈЕ-АЕРОДРОМ-НОВО ЛИСИЧЕ

ЛИСТ ЗА ПРЕДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ГРАДБА БР. 103835 ЗА СТАНБЕН ОБЈЕКТ НА Г.П. 3.13 – ЕЛИТЕН КОМПЛЕКС „АДОРА“ – СКОПЈЕ-АЕРОДРОМ-НОВО ЛИСИЧЕ

Се информираат купувачите на стан во елитниот комплекс „Адора“ во Ново Лисиче, во модерната општина Аеродром, Скопје, дека излезе листот за предбележување на градба со број 103835 КО Кисела Вода 2 за станбениот  објект на Г.П. 3.13. Елитниот енергетски ефикасен станбен објект, чиј инвеститор е компанијата ГЛИЦ ГРУП 2012, а изведувач градежната компанија Адора Инженеринг е во тек на градба и е проектиран на пет ката со поткровје, со 30 елитни висококвалитетни станови, кои се градат со врвна асеизмичка стабилност и квалитет според европските стандарди.

Новиот елитен станбен објект на Г.П. 3.13. во модерниот комплекс „Адора“-Ново Лисиче-Аеродром-Скопје

Елитниот станбен објект на Г.П. 3.13 е во рамките на постојниот модерен комплекс „Адора“ со девет станбено-деловни објекти и деловно-трговски центар со маркетот „Рамстор“, во непосредна близина на булеверот „АСНОМ“ и улицата „Февруарски поход“, до бензинската пумпа „Макпетрол“, на главните сообраќајни артерии на влез и излез на Скопје, од и кон Велес, Куманово и Белград. Станбениот комплекс „Адора“ е со лесен пристап до развиената  инфраструктура и јавниот превоз во Скопје, во близина има детска градинка, основно училиште, универзитети, трговски центри, банки, спортски објекти, зелени паркови, идниот Аква парк и црквата Свети Јован Крстител, донација на Адора Инженеринг за жителите на Општина Аеродром, Скопје и Македонија.

Елитен станбен комплекс „Адора“ во Општина Аеродром, Ново Лисиче, Скопје

Становите во објектот на Г.П. 3.13, како и другите во модерниот комплекс „Адора“ во Ново Лисиче, Општина Аеродром, Скопје се вклопени во владиниот проект „Купи куќа, купи стан“, со што граѓаните од различен социјален статус и економска моќ, можат под доста поволни услови да станат сопственици на сигурен, квалитетен, А класа енергетски ефикасен, економичен дом и со тоа на најдобар начин да го решат животното станбено прашање за себе и своето семејство.   

Новите станбени објекти во комплексот „Адора“-Ново Лисиче-Аеродром-Скопје

Адора

Поврзани вести

Адора со донација на лаптоп-компјутери за библиотеката во Радовиш

Во рамки на одбележувањето на 24 години Адора Бизнис Групација, на 28 август беше реализирана донација на лаптоп-компјутери за Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Признание за проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот тридецениски придонес во македонското рударство

По повод Денот на рударите – 28 Август, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини му додели признание на проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Оглас за вработување

Помошник во кујна ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот тим и има потреба од помошник готвач

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Медицински сестри / Медицински техничари ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот медицински тим и има потреба

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Негуватели / Негувателки ПУСЗ „Оаза“ го проширува својот тим и има потреба од негуватели / негувателки кои со својата посветеност и професионалност ќе придонесат за

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Официјално отворен Домот за стари лица „ОАЗА во Општина Илинден

Во присуство на претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, претставници на државни и локални институции, деловната заедница, соработници и гости, официјално беше отворен Домот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ