НОВОСТИ

НОВОСТИ

ПОСТАВЕНА СЕДМА АРМИРАНО-БЕТОНСКА ПЛОЧА НА ЕЛИТЕН СТАНБЕН ОБЈЕКТ ВО ЦЕНТАРОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ-СКОПЈЕ

ПОСТАВЕНА СЕДМА АРМИРАНО-БЕТОНСКА ПЛОЧА НА ЕЛИТЕН СТАНБЕН ОБЈЕКТ ВО ЦЕНТАРОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ-СКОПЈЕ

По само 21 ден од почетокот на работите, со вкупно 7.000 м² површина, 4.000 м³ вграден бетон и 400 тони вградено железо, поставена е седмата армирано-бетонска плоча на новиот станбен објект, кој Адора Инженеринг го гради во срцето на општина Аеродром, Скопје, во близина на црквата Свети Илија во рамките на новиот комплекс со елитни објекти на компанијата на овој простор.  

Поставена седма армирано бетонска плоча на елитен станбен објект Аеродром-Црква

Вредните градежни работници, водени од стручниот и менаџерски тим на компанијата, генералниот директор проф. д-р Ванчо Чифлиганец, инженерите Стефан Орачески, Глигор Ѓорѓиев, Вангел Ташовски и градежните техничари Благоја Ѓуров и Блажо Маноилов, на секои три дена поставуваат по една армирано-бетонска плоча, што значи дека станбениот објект Аеродром-Црква ќе биде изграден 60 дена порано од предвидениот рок  и се очекува зградата во фаза на карабина да биде изградена за 12 наместо за планираните 24 месеци.

Генерален менаџер на Адора Инженеринг-проф. д-р Ванчо Чифлиганец
Најнов станбен објект на Адора Инженеринг кај црквата Свети Илија во општина Аеродром-Скопје

За дадената доверба со купување нов дом од Адора Инженеринг Скопје,  станарите добиваат брза, високо асеизмичка, квалитетна и енергетски ефикасна градба, а гаранција за градежниот бренд Адора Инженеринг, е и првото лидерско  место во градежниот сектор и високото 11-то место меѓу најуспешните компании во Македонија, што заслужува респект од бизнис заедницата.

Градежните работници бетонираат и армираат на најновиот станбен објект на Адора Инженеринг Аеродром-Црква
Седма армирано-бетонска плоча на објект Аеродром-Црква од која се гледа панорама на Скопје
Најнов елитен станбен објект на Адора Инженеринг во центарот на општина Аеродром кај црквата Свети Илија

Адора

Поврзани вести

Адора со донација на лаптоп-компјутери за библиотеката во Радовиш

Во рамки на одбележувањето на 24 години Адора Бизнис Групација, на 28 август беше реализирана донација на лаптоп-компјутери за Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Признание за проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот тридецениски придонес во македонското рударство

По повод Денот на рударите – 28 Август, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини му додели признание на проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Оглас за вработување

Помошник во кујна ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот тим и има потреба од помошник готвач

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Медицински сестри / Медицински техничари ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот медицински тим и има потреба

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Негуватели / Негувателки ПУСЗ „Оаза“ го проширува својот тим и има потреба од негуватели / негувателки кои со својата посветеност и професионалност ќе придонесат за

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Официјално отворен Домот за стари лица „ОАЗА во Општина Илинден

Во присуство на претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, претставници на државни и локални институции, деловната заедница, соработници и гости, официјално беше отворен Домот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ