НОВОСТИ

НОВОСТИ

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ПРОДАДЕ 120 СТАНОВИ ВО ПРВОТО ЧЕТИРИМЕСЕЧЈЕ ГОДИНАВА

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ПРОДАДЕ 120 СТАНОВИ ВО ПРВОТО ЧЕТИРИМЕСЕЧЈЕ ГОДИНАВА

Во првото четиримесечје од годинава градежната компанија Адора Инженеринг продаде 120 елитни висококвалитетни станови во Скопје и Охрид, што е значително повеќе од продажбата во истиот перид минатата година.
Во периодот јануари-април 2014-та компанијата-лидер во високоградбата во Македонија продаваше во просек по еден стан дневно, што е потврда дека прометот на недвижности не само што не опаѓа, туку во овој единствен градежен супербренд во Македонија бележи забележлив растечки тренд во однос на првото четиримесечје во 2013-та.

„Од почетокот на годинава до крајот на април Адора Инженеринг оствари продажба на 7081 м² станбен простор што значи дека купувачите го препознаваат повеќегодишното инвестирање во квалитетна градба со примена на европските стандарди, врвната геомеханичка стабилност и асеизмичност на објектите потврдена со вештачки земјотрес, вградувањето повеќе железо и бетон по м² и изградените економични енергетски ефикасни  објекти од А класа, кои се подготвени за енергетски пасош. На драстично зголемената продажба на станови во Адора Инженеринг влијаат и специјалните поволности што на купувачите им ги нуди компанијата заедно со прифатливите  станбени кредити со банките, како и проектот „Купи куќа, купи стан“ и поволната бизнис клима во градежниот сектор во Македонија“. – порачува проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора Инженеринг, кој потенцира дека темпото на продажба но компанијата го следи трендот на градбата, што наметнува зголемување на динамиката со нови инвестициони зафати и почеток на проекти за  изградба на нови елитни станбено-деловни објекти на овој бренд на атрактивни и ексклузивни локации во Скопје.

Проектантско-архитектонско биро во Адора Инженеринг

 

Вредните градители на Адора Инженеринг со градежни рекорди
Енергетски станбен објект А класа во срцето на општина Аеродром-Скопје

 

 

 

Елитен станбен комплекс Адора во Ново Лисиче-Аеродром-Скопје
Менаџерскиот тим на Адора Инженеринг успешно ги реализира плановите и визиите

Адора Инженеринг со остварените резултати и новите инвестициски проекти  цврсто и сигурно чекори напред, остварувајќи директен придонес во македонската економија. 

 

Адора

Поврзани вести

Адора со донација на лаптоп-компјутери за библиотеката во Радовиш

Во рамки на одбележувањето на 24 години Адора Бизнис Групација, на 28 август беше реализирана донација на лаптоп-компјутери за Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Признание за проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот тридецениски придонес во македонското рударство

По повод Денот на рударите – 28 Август, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини му додели признание на проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Оглас за вработување

Помошник во кујна ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот тим и има потреба од помошник готвач

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Медицински сестри / Медицински техничари ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот медицински тим и има потреба

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Негуватели / Негувателки ПУСЗ „Оаза“ го проширува својот тим и има потреба од негуватели / негувателки кои со својата посветеност и професионалност ќе придонесат за

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Официјално отворен Домот за стари лица „ОАЗА во Општина Илинден

Во присуство на претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, претставници на државни и локални институции, деловната заедница, соработници и гости, официјално беше отворен Домот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ