„Адора Инженеринг“ го доби 8-то високо национално признание за најдобри општествено одговорни практики, плакета за 2012 година, за проектот ЕКО ДОМ ЗА ДЕНЕС И ЗА УТРЕ, СКОПЈЕ-ПОД ВОДНО, во категоријата Однос кон животната средина од министерството за економија.
Проектот е дел од долгорочната стратегија на компанијата за изградба на енергетски ефикасните домови во Македонија, што со примена на високи технологии, зелена архитектура и обновливи извори на енергија, на станарите им овозможуваат квалитетно, здраво и економично домување по европските стандарди. Објектот Скопје-Под Водно, има фотоволтаични системи и не зависи од напојување со струја од електро мрежата за заедничко осветлување, за што нема сметки за струја, високата изолација штеди енергија за ладење и греење и ги намалува сметките за потрошена енергија, а се заштитува и животната средина. Во соработка со ПАКОМАК, се реализира проектот за селективно собирање на отпадот, што потоа се одлага и рециклира. Проектот опфаќа и оплеменување на околината со повеќе од 400 засадени зимзелени дрвја, со 10-тина канделабри и изградба на фонтана со ликот на Пресвета Богородица.
„Адора Инженеринг“ на 6-тиот конкурс за националната награда за најдобри општествено одговорни практики, со најголем број проекти и апликанти досега, учествуваше и во категоријата „Вложување во заедницата“, со проектот ПОДОБАР ЖИВОТ ЗА СЕКОЈ ГРАЃАНИН-Достоинствен празник за сите-хуманитарни акции, со кој во општините Охрид и Дебрца во 2012 година се поделени повеќе од 200 пакети на социјално загрозените семејства. Компанијата има богата традиција на општествена одговорност со повеќе донации во Скопје, Струмица и Охрид, хортикултурно оплеменети простори околу објектите, стипендии на студенти, поддршка на спортски, културни и научни манифестации, за што досега има добиено 7 национални и една јубилејна награда.