Во завршна фаза се работите на фасадата на елитниот станбен објект Аеродром-Парк, во новиот комплекс којшто Адора Инженеринг-Скопје го гради во центарот на општина Аеродром, Скопје. Објектот е комплетно изѕидан со специјално дизајнирана тула од домашно производство, изработена за потребите на Адора Инженеринг. На овој начин значително се намалени топлинските губитоци и зголемена е звучната изолација, вграден е 10 цм графитен стиропор, а надворешната столарија е од реномираната марка „Rehau“ – Geneo Fipro, со ПВЦ профили, шесткоморни и трислојно термоизолационо стакло, во кое надворешното е четирисезонско стакло. Со новата технологија за изработка на фасадата, станбениот објект Аеродром-Парк, според анализите на стручна студија, ќе биде од високата А-КЛАСА, што далеку ги надминува барањата на новиот Правилник за енергетски карактеристики на згради и ќе биде комплетно подготвен за добивање на сертификатот „енергетски пасош“ уште пред неговото воведување во Македонија.
Фасадирање на новиот елитен станбен објект на Адора Скопје-Аеродром-Парк







