НОВОСТИ

НОВОСТИ

Со купување на книгата „Можеш и ти“ по промотивна цена до 20-ти февруари, донирате за хумани цели

Со купување на книгата „Можеш и ти“ по промотивна цена до 20-ти февруари, донирате за хумани цели

Книгата „Можеш и ти“, романизирана биографија за проф. д-р Ванчо Чифлиганец од авторот проф. д-р Венко Андоновски, до 20-ти февруари може да се набави по промотивна цена од 500 денари, во книжарницата Култура и он-лајн на „Купи книга“, каде оваа понуда е на насловна страница со пораката „Прочитај и донирај“. Сите приходи од продажбата книгата за еден од најуспешните македонци на денешнината, одат во фондацијата ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ за хумани цели, за поддршка на образованието, науката, спортот, културата, уметноста и заедницата во целина.

Книгата „Можеш и ти“, промовирана на 26 декември 2014 год. на одбележувањето на 12 годишнината на Адора инженеринг
Книгата „Можеш и ти“, промовирана на 26 декември 2014 год. на одбележувањето на 12 годишнината на Адора инженеринг
„Можеш и ти“, авторот проф. д-р Венко Андоновски ја нарекува книга-адреналин, книга-родословие, книга-подвиг, книга-житие за оној кој никогаш не вели невозможно е. Според главниот рецензент, претседателот на МАНУ академик д-р Владо Камбовски, книгата го отсликува животниот пат и дело на проф. д-р Ванчо Чифлиганец, неуморен неимар кој смислата и целта на сиот свој живот ги сосредочил во една централна точка-создавањето. Проф. д-р Ванчо Чифлиганец во книгата порачува „Слоганот  само  делата се вистина ми е генетски код наследен од моите претци, кои ме научија дека човек додека е на овој свет, ако не остави зад себе дела, како да не оставил ништо“.
Проф. д-р Ванчо Чифлиганец и проф. д-р Венко Андоновски, автор на книгата „Можеш и ти“
„Можеш и ти“ се смета за прирачник за сите кои се на почетокот на својот професионален пат и кариера и пример дека со силна желба, истрајност, верба во себеси и посветена работа, соништата стануваат реалност!

Адора

Поврзани вести

МЛАДИТЕ НАТПРЕВАРУВАЧИ НА КБК АДОРА СО 5 – ЗЛАТНИ СРЕБРЕНИ И БРОНЗЕНИ МЕДАЉИ НА SERBIA OPEN WAKO EUROPEAN CUP

Младите талентирани кик боксери од КБК Адора, минатиот викенд остварија одлични резултати на Serbia Open, WAKO European Cup ranking tournament. Од турнирот во Белград, тие

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

СЛОБОДАН ИВЧЕСКИ НАШИОТ СЕНИОР МОТО КРОС ШАМПИОН СО ПОДДРШКА НА АДОРА ТРИУМФИРАШЕ НА СТАРТОТ НА СЕЗОНАТА 2023

Слободан Ивчески Цобо, државниот мото крос MX Сениор шампион, освои две први места натпреварувајќи се на првиот отворен Македонски шампионат со кој мото крос сезоната

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ЧЕСТИТКИ ОД АДОРА ЗА ВРВНОТО ПРИЗНАНИЕ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА „НАЈДОБРА БАНКА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА 2023“

Компанијата Адора инженеринг, како еден од значајните поединечни акционери и квалификуван акционер во Комерцијална банка АД Скопје, на сите вработени, на целиот менаџерски тим и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

АНТОНИО ДАМЈАНОВСКИ НАШИОТ НАЈУСПЕШЕН МЛАД МОТО КРОС ТАЛЕНТ СО НАТАМОШНА ПОДДРШКА НА АДОРА ЈА СТАРТУВА НОВАТА СЕЗОНА

Со трка на отворениот македонски шампионат во недела во Гевгелија, нашата Адора Атлета Антонио Дамјановски, најталентираниот, најмлад и најуспешен мото крос возач во Македонија, ја

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ