НОВОСТИ

НОВОСТИ

Буџетите на Општина Кисела Вода и Градот Скопје од Адора инженеринг ќе добијат 2.180.000 евра за купопродажба на 4403 м2 градежно земјиште на транспарентна електронска лицитација

Буџетите на Општина Кисела Вода и Градот Скопје од Адора инженеринг ќе добијат 2.180.000 евра за купопродажба на 4403 м2 градежно земјиште на транспарентна електронска лицитација

На третиот ден на Божиќ во лето господово 2015 година  во 12 часот и 7 минути  Адора инженеринг дооел-Скопје, даде најповолна понуда  и  купи градежно земјиште од 4403 м2, на влезот во најурбаната населба  Рампа, КИСЕЛА ВОДА на транспарентно електронско јавно наддавање.

Адора инженеринг, наместо почетната цена од 4300 денари/м2 за земјиштето сопственост на Република Македонија, предвидено со ДУП: Цветан Димов-Славија (блокови 1,2,3,4,5,7,8 и 10) плати седум пати повеќе 29570 денари/м2. Со само еден клик на транспарентното електронско наддавање од Адора инженеринг дооел-Скопје, буџетите на Општина Кисела Вода и Буџетот на Градот Скопје ке бидат побогати за 2.180.000 евра.

Според зборовите на сопственикот, проф. д-р Ванчо Чифлиганец и менаџерскиот тим на Адора инженеринг, денес се неизмерно среќни бидејќи благодарение на реформските мерки на Владата на Република Македонија, Адора инженеринг се стекна со можност во законска процедура, да плати 500 евра/м2 градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија.

Горди се што овие средства ќе може да бидат ставени во функција на буџетските потреби и ќе допринесат за просперитет на сите граѓани на Општина Кисела Вода и Градот Скопје. Тие се убедени дека само со домашни инвеститори, подготвени да ризикуваат, да платат многу во Буџетите на државата и со економично и професионално работење да остварат некој минимален бенефит од своето работење, ќе се овозможи Македонија  да биде  побогата и попросперитетна држава,  а општините со  поголем буџет за своите развојни проекти.

Во Адора инженеринг  се убедени дека и во општината Кисела Вода, во која за прв пат ќе се гради барок станбено деловен елитен објект на Адора инженеринг ПОРТА-Кисела Вода-Скопје, во законски процедури ќе имаат принципиелна соработка со општинските и државните институции.

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец  не ја криеше својата решеност и во овој проект да влезе храбро. Да се вгради себе си и својот тим во инвестиција од 30-40 милиони евра во двата правци, 100% домашна, од која се очекува да егзистираат најмалку 500 македонски семејства.

За тимот на Адора инженеринг веќе нема дилема, од денес се обединуваат во остварување на овој проект кој по добивањето на Одобрение за градба во рок не поголем од 15 месеци, новите станари ќе може да се вселат во новоизградени елитни, енергетски ефиксни недвижности. Градбата се очекува да биде модерна, својствена на брендот Адора инженеринг, со применети европски и светски стандарди на градба на овие македонски простори и  по вкус на купувачите.

Овие цели пред себе си ги постави Инвеститорот Адора инженеринг убеден дека нема да наиде на било какви правни, имотно правни ни други пропусти кои би можеле да го пролонгираат или отежнат отпочнувањето на градба, а Општината и Градот уште пред уплатата на средствата ќе ги спроведат сите законски постапки и ќе овозможат непречено и што побргу отпочнување на овој инвестиционен проект, неоптеретен од ништо.

Се очекува овој да биде уште еден пилот проект со кој ќе се гордее тимот на Адора инженеринг, но и градежната фела од високоградба, Општината Кисела Вода и Градот Скопје, а повеќекратен бенефит ќе има и севкупната македонска економија.

 

Адора

Поврзани вести

АНТОНИО ДАМЈАНОВСКИ НАШИОТ НАЈУСПЕШЕН МЛАД МОТО КРОС ТАЛЕНТ СО НАТАМОШНА ПОДДРШКА НА АДОРА ЈА СТАРТУВА НОВАТА СЕЗОНА

Со трка на отворениот македонски шампионат во недела во Гевгелија, нашата Адора Атлета Антонио Дамјановски, најталентираниот, најмлад и најуспешен мото крос возач во Македонија, ја

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ДРАГАНА ЧИФЛИГАНЕЦ ЗА БИЗНИС ИНФО ОТКРИВА ДЕКА ИЗГРАДБАТА НА ОБЈЕКТ ВО ЦЕНТАРОТ НА СОЛУН Е НЕЈЗИН НОВ ПРЕДИЗВИК

Извршната директорка на Адора инженеринг, д-р Драгана Чифлиганец, во интервју за порталот Бизнис Инфо одговара на повеќе актуелни прашања за градежниот бизнис во Македонија и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ДЕСЕТ ГОДИНИ ПО ПРВИОТ ВЕШТАЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА МЕДИУМИТЕ ВО СРБИЈА ПИШУВААТ ЗА ЗНАЧЕЊЕТО НА ОВОЈ ТЕСТ ЗА СТАБИЛНОСТА НА ОБЈЕКТИТЕ

Катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија, каде тлото сеуште не мирува и неодамнешните потреси на Балканот, повторно ја актуелизираа важноста на квалитетот на градење за

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ДУШКО ЧИФЛИГАНЕЦ-ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА АДОРА БИЗНИС ГРУПАЦИЈА ВО БРЕНДОВИ КАПИТАЛ

„Во услови на огромна инфлација, стеснети пазари на капитал, енормен дисбаланс во цените на градежните материјали и отежнетите услови на работење, клучно беше да им

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

АДОРА СО ФИНАНСИСКА ДОНАЦИЈА ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА И РЕГИОНОТ, СО ПОРАКА ЗА ХУМАНОСТ И СОЛИДАРНОСТ

Компанијата „Адора инженеринг“, која е дел на интернационалната Адора Бизнис Групација,  донираше финансиски средства за настраданите во катастрофалниот земјотрес, кој однесе многу невини човечки животи

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ADORA BUSINESS GROUP ВО КАПИТАЛ – „НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ КОМПАНИИ 2021/22“

Под наслов „20 ГОДИНИ ADORA BUSINESS GROUP – БИЗНИС И ГЕОГРАФСКА ДИВЕРЗИФИКАЦИЈА“, магазинот КАПИТАЛ објави две страници тематски прилог во специјалната едиција „НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ