По повод рекордната продажба на 302 стана во 2014-та година, Адора инженеринг ќе ги награди со зимување во Банско, сите купувачи на стан од овој градежен бренд од почетокот на годинава до 15-ти февруари 2015-та година. Ценејќи ја довербата и лојалноста на своите купувачи, Адора инженеринг сака да им возврати со грижа, внимание и наградување на купувачите, како дел од големото семејство на компанијата која одбележа 12 години од своето постоење како лидер во високоградбата во Македонија.



