НОВОСТИ

НОВОСТИ

Мохамед Ибрагимов, Насе Насев, и Александар Рангелов во посета на Проф. д-р Ванчо Чифлиганец и Адора инженеринг

Мохамед Ибрагимов, Насе Насев, и Александар Рангелов во посета на Проф. д-р Ванчо Чифлиганец и Адора инженеринг

Денес почесен гостин на Адора инженеринг дооел-Скопје, беше Мохамед Ибрагимов, трострук европски шампион во борење слободен стил, вице шампион на светот, освојувач на бронза за Македонија на Олимпијадата во Сиднеј, и учесник во освојувањето на Клубската Европска и Светска Шампионска титула на БК „Бучим-Јака“ во 1996 година. 

Во пријателска и спортска атмосвера големиот борачки ас Мохамед Ибрагимов го угости Проф. д-р Ванчо Чифлиганец заедно со долгогодишниот спорстки работник, синонимот на македонскиот олимпизам, Насе Насев, и Александар потомокот на тренерот кој беше основоположник на македонскиот боречки спорт Бојан Рангелов. 

 Долгогодишните пријатели си посакаа остварување на личните желби за успех и среќа во Новата 2015 година но и враќање на некогашниот сјај кој го имаше боречкиот и спортот воопшто во Македонија, Европа и Светот, во клубски но и индивидуални олимписки натпреварувања. 

Високите спортски гости,со визионерот Чифлиганец кој замисли, менаџираше и оствари Македонија да се искачи на светските тронови во борење, евоцираа спомени од деведесеттите, кога се создаваа борачи како Мохамед  Ибрагимов за да ја  прослават  Македонија, закитувајќи се со златни медали  на многу европски, светски и олимписки натпревари во борење.

Чифлиганец не го криеше своето задоволство што по толку години дури од Русија  во посета му дојде  драгиот Мухамед Ибрагимов, и потсети дека заедно со Шабан Трстена, Шабан Сеиди, Валери Верхушин, Зоран Шоров Павле Јованов (Филката), Маријан Наумов, Јонче Иванов, и други Ибрагимов  е еден од најтрофејните македонски борачи на сите времиња. Борач со кој сите се гордееме.

Ибрагимов истакна дека во Македонија дошол во средината на  деведесеттите, безмалку како голобрадо момче, но Македонија веднаш му влегла во срцето, ја засакал исто како својата родина и го земал македонското државјанство, со кое и ден денес се гордее. 

Тој во ова пригода се заблагодари на Чифлиганец и Македонија бидејки дале многу голем позитивен импулс на почетокот на неговата спортска кариера, со квалитетни тренинзи. Истакна дека  искуството, знаењето и вештините кои ги стекнал во Радовиш биле од непроценлива вредност  и тие  му овозможиле натпреварувајќи се под Македонското знаме  да ги постигне своите најголеми спортски успеси. 

Мохамед Ибрагимов истакна, дека и од ова временска дистанца, неговото срце  го чувствува истиот жар и елан како тогаш кога не се штедел во борбите како член на БК „Бучим Јака“-Радовиш, и е горд што можел да даде свој допринос за освојувањето шампионски титули и медали за Македонија. Во знак на благодарност за се што за него сториле овде, Мохамед Ибрагимов е подготвен да се вклучи во сегашниот застој а иден развој на боречките спортови во Македонија доколку има интерес од пошироката спортска јавност на Македонија.

 

Адора

Поврзани вести

МЛАДИТЕ НАТПРЕВАРУВАЧИ НА КБК АДОРА СО 5 – ЗЛАТНИ СРЕБРЕНИ И БРОНЗЕНИ МЕДАЉИ НА SERBIA OPEN WAKO EUROPEAN CUP

Младите талентирани кик боксери од КБК Адора, минатиот викенд остварија одлични резултати на Serbia Open, WAKO European Cup ranking tournament. Од турнирот во Белград, тие

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

СЛОБОДАН ИВЧЕСКИ НАШИОТ СЕНИОР МОТО КРОС ШАМПИОН СО ПОДДРШКА НА АДОРА ТРИУМФИРАШЕ НА СТАРТОТ НА СЕЗОНАТА 2023

Слободан Ивчески Цобо, државниот мото крос MX Сениор шампион, освои две први места натпреварувајќи се на првиот отворен Македонски шампионат со кој мото крос сезоната

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ЧЕСТИТКИ ОД АДОРА ЗА ВРВНОТО ПРИЗНАНИЕ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА „НАЈДОБРА БАНКА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА 2023“

Компанијата Адора инженеринг, како еден од значајните поединечни акционери и квалификуван акционер во Комерцијална банка АД Скопје, на сите вработени, на целиот менаџерски тим и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

АНТОНИО ДАМЈАНОВСКИ НАШИОТ НАЈУСПЕШЕН МЛАД МОТО КРОС ТАЛЕНТ СО НАТАМОШНА ПОДДРШКА НА АДОРА ЈА СТАРТУВА НОВАТА СЕЗОНА

Со трка на отворениот македонски шампионат во недела во Гевгелија, нашата Адора Атлета Антонио Дамјановски, најталентираниот, најмлад и најуспешен мото крос возач во Македонија, ја

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ