НОВОСТИ

НОВОСТИ

Адора Инженеринг ја поддржува меѓународна летна школа за архитектура и дизајн во Охрид

Адора Инженеринг ја поддржува меѓународна летна школа за архитектура и дизајн во Охрид

Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ колеџ од Скопје (УАKС), во рамките на манифестацијата Охридско Лето, а во соработка со Заводот за заштита на спомениците од Охрид ја организира втората меѓународна летна школа за архитектура и дизајн што се одржува во Охрид. Меѓународна летна школа насловена „Преобмислување на метаболизмот”, финансиски е поддржана од градежната компанија Адора Инженеринг што често ги помага стручните и образовни форуми како и културни манифестации, кои нудат креативни идеи и нови знаења.

Целта на оваа школа е афирмација и промоција на архитектурата и можноста за креативно изразување на идните архитекти. Истовремено, оваа школа им овозможува на студентите да ги унапредат професионалните знаења и способности за полесно да ги совладаат предизвиците од културната експанзија.

Минатата година, на првата летна школа во организација на факултетот за архитектура и дизајн при Американ Колеџ Скопје, учествуваа околу 30 студенти, а оваа година бројот на студенти и заинтерсирани за учество на летна школа е зголемен и има преку 50 пријавени студенти од неколку држави меѓу кои: Италија, Иран, Романија, Молдавија, Албанија, Русија, Украина, Хрватска, Србија, Словенија и Полска. Тие ќе имаат за цел да предложат архитектонски и дизајнерски интервенции за неколку локации во град Охрид, кои во текот на работата ќе можат сами да ги изберат.

Во рамки на летната школа, оваа година сите учесници ќе присуствуваат на предавања од врвни и еминентни емиња од светот на архитектурата, меѓу кои Јошихару Цукамото и Момојо Каиџима од Јапонија и Винко Пенезиќ и Крешимир Рогина од Хрватска. На крајот на летната школа, ќе биде организирана изложба и јавна презентација на трудовите, а на сите учесниците ќе им бидат поделени дипломи.

Поддршката на Адора Инженеринг на летната меѓународна школа за архитектура и дизајн во Охрид е дел од општествено одговорните практики на компанијата за помагање на заедницата, на што е посветена како членка на Глобалниот Договор на ООН.

 

Адора

Поврзани вести

Адора со донација на лаптоп-компјутери за библиотеката во Радовиш

Во рамки на одбележувањето на 24 години Адора Бизнис Групација, на 28 август беше реализирана донација на лаптоп-компјутери за Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Признание за проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот тридецениски придонес во македонското рударство

По повод Денот на рударите – 28 Август, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини му додели признание на проф. д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Оглас за вработување

Помошник во кујна ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот тим и има потреба од помошник готвач

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Медицински сестри / Медицински техничари ПУСЗ „Оаза“ – приватна установа за вон-семејна социјална заштита на стари лица, го проширува својот медицински тим и има потреба

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Негуватели / Негувателки ПУСЗ „Оаза“ го проширува својот тим и има потреба од негуватели / негувателки кои со својата посветеност и професионалност ќе придонесат за

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Официјално отворен Домот за стари лица „ОАЗА во Општина Илинден

Во присуство на претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, претставници на државни и локални институции, деловната заедница, соработници и гости, официјално беше отворен Домот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ