Асфалтирањето на улицата „Белградска“ на потегот над елитниот станбен објект на Адора Инженеринг Скопје-Под Водно на вкрстувањето со ул. „Димче Мирчев“ наспроти МВР, е ставено во програмата за урбано планирање на Општина Центар за 2013 година и изгласана од Советот на Општина Центар. Како што известуваат од Секторот за уредување на градежно земјиште и животна средина во Општина Центар, реализацијата на овој зафат како и на сите позиции и локации од оваа програма ќе се одвива според буџетските можности на Општина Центар-Скопје. Според оваа одлука и ако се има во вид дека се работи за мал простор од почетните 100 метри на улицата, очекувањата на станарите на елитниот објект Скопје-Под Водно, како и на градежната компанија Адора Инженеринг се дека наскоро ќе биде сфалтирана улицата „Белградска“, од каде има пристап во дворот на станбениот објект. Разгледувањето и решавањето на ова прашање од страна на Општина Центар е на иницијатива и допис од страна на станар во објектот Под Водно, со цел да се решат проблемите со создавање прашина од суво време и кал од дожд и станарите на овој простор непречено да домуваат.
Општина Центар ќе ја асфалтира ул. „Белградска“ над станбен објект Скопје-Под Водно
